СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  06.7.2023
Заради отчетно и транспарентно известување на јавноста, Основниот кривичен суд Скопје во прилог објавува дел од изреката на пресудата за предметот со КОК бр. 164/21 која денеска беше изведена на јавна седница, а истата беше и пренесувана од медиумите.

                Предмет на обвиненето , во делот на јавните набавки,  е законитоста на набавката на : системот за биометриска идентификација- софтвер и хардвер, софвер за определеување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни , АНПР камери за регистарски таблички и набавката на метални кабини за потребите на системот за биометрсика идентификација и системот за автоматско препознавање на регистарски таблици, како и авторските договори склучени со дел од обвинетите.

Обвиненето е поставено на неколку столбови со акцент на: оправданоста на набавките, потоа дека, обвинетите кои учествувале во изработка на техничка спецификација за Генералниот секретарјат, подоцна ги набавиле стоките и услугите, како и дека, пред јавното отварање на понудите  дел од обвинетите комуницирале надвор од модулот за прашања и одговори на ЕСЈН и дека бил фаворизиран економскиот операт ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје.   

            Што се однесува до меѓусебната комуникација на обвинетите судот ги ценеше  не само неспорните околности за познанството на обвинетите туку и дали истите имале друг интерес да комуницираат меѓу себе. Така одбраната на обвинетите во овој поглед , не негираше ниту го докажуваше спротивното, дека единствено обвинетиот Драги Рашковски е заеднички пријател или познаник на сите обвинети , но и дека постои познанство , па и блиски релации помеѓу останатите обвинети делумно со исклучок на обвинетиот Ивица Димитровски и обвинетиот Игор Ивановски. Така, обвинетиот Ивица Димитровски е професор на ФИНКИ, а обвинетиот Драги Рашковски го ангажирал по препорака на негови блиски лица во кои имал доверба. Обвинетиот Игор Христов е надворешен соработник на Владата, сопственик на ГБЦ Системи . Учествувал во изработка на теничките спецификации за дел од набавките, а неговото правно лице ГБЦ системи се вклучило во набавка на хардверот за системот за биометриска идентификација, но набавувал и стоки и услуги за други економски оператори. Обвинетиот Даниел Станчев е пријател на обвинетиот Драги Рашковски  живееле во Студентскиот дом Пелагонија во 2012 година. Даниел Станчев е сопственик на Друштвото ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје кое е избрано за најповолен понудувач во јавната набавка на софтвер за контрола на безбедноста на сообрачајот и казнување. Обвинетата Ирена Ивановска е надворешен соработник во Владата на РСМ-ГС , а по насоки на обвинетиот Драги Рашковски комуницирала со учесници во постапката за јавна набавка и по нејзина препорака нејзиниот брат -обвинетиот Игор Ивановски станал надворешен соработник на Владата на РСМ-Генерален секретаријат . . Обвинетата Маја Сиљаноска е  е надворешен соработник во Владата на РСМ-ГС и имала лично пријателство со братот на обвинетиот Даниел Станчев, Славе Станчев.

            Обвинетите не се само познаници, туку имале и меѓусебни побарувања како физички лица но и преку правните лица со кои се поврзани.

            Така, факт е дека обвинетите Драги Рашковски и Игор Христов , Даниел Станчев ,  Ирена Ивановска како и Маја Сиљановска, имаат префрлања на пари меѓу себе , како и префрлања на пари со исти трети - физички и правни лица. Некои од плаќањата се чести, а сите се со големи износи, додека одливите од правните лица се на крајот од годината и последните денови од месец декември.

Во овој поглед, од вештиот наод и мислење бр.09/09/2021 на Форензик груп произлегува дека некое лице Ѓорѓи Георгиевски на 06.07.2018 гоина добило пари од ГБЦ системи чиј сопственик е обвинетиот Игор Христов, на 25.12.2018 година истото лице префрла пари на обвинетиот Драги Рашковски., а на 31.12.2018 година истот лице повторно добива пари од ГБЦ системи чиј сопственик е обвинетиот Игор Христов ( стр.48/72).  Лицето Никола Атанасов, кум на првообвинетиот префрлил пари на обвинтиот Драги Рашковски, а има префрлено пари и на обвинетиот Игор Христов  , за купопродажба на автомобил (54/72). Лицето Круме Апостолов, на 02.10.2019 година добило пари од обвинетиот Драги Рашковски, за купување мотор (стр.49/72), а истото лице има префрлано пари и на обвинетиот Игор Христов во периодот од 13.02.2020 година до 25.02.2020 година на име позајмица , но и по основ останати плаќања (стр.30/72) и тоа на 13, 14, 17, 18, 20 и 25 02.2020 година во вкупен износ од 2.340.500,00 денари. На  истото ова лице Круме Апостолов , на 02.10.2020 година, префрлил пари и обвинетиот Даниел Станчев (стр.68/72) . Понатаму , обвинетиот Драги Рашковски и обвинетиот Игор Христов имаат меѓусебни префрлања пари на личните трансакциски сметки на име позајмица во повеќе наврати од 13.02.2020 година до 03.03.2020 година, имаат враќање позајмица  и останати плаќања од 11.11.2020 година до 21.01.2021 година. Исто така, се појавува и друштво Аитоникс кое ги поврзува обвинетите Даниел Станчев и Ирена Ивановска и кое има префрлања на пари со правните лица поврзани со овие обинети. Така, на 01.10.2020 година (стр.68/72) Аитоникс префрлил пари на Дигитал поинт , за извршени услуги (На во износ од 3.004.280,00 денари), а обвинетата Ирена Ивановска во анализираниот период е единствено вработено лице Во Дигитал Поинт ДООЕЛ Скопје и  анажирана е како надворешен соработник на ГС на Владата на РСМ. Истиот ден на 01.10.2020 година и 13.11.2020 година (стр.67/72) Аитоникс префрлил пари и на трансакциската сметка на Даниел Станчев ( 961.000,00 денари и 199.998,00 денари), а на 02.10.2020 година префрла пари на Ирена Ивановска по основ дадена позајмица на физичко лице од 2.861.300,00 денари. Истиот ден на 02.10.2020 годин од сметката на Ирена Ивановска префрлени се пари на сметката на Даниел Станчев од 2.800.000,00 денари , уплатени на шест наврати (стр.67/72) На 30.12.2020 година (стр.68/72) Аитоникс префлил пари и кон обвинетата Маја Сиљаноска во вкупен износ од 1.203.988,00 денари ( 203.989,00 денари и 999.999,00 денари ) кои на 05.01.2021 година обвинетата Маја Сиљаноска ги подигнала.

Така, Во 2018 година има префрлање пари од Дигитал Поинт (1.206.000,00 денари) кон Инвока Гроуп (стр.28/72) .

            По оценка на овој суд , ова се објективни околности кои го потврдуваат не само  меѓусебното познанство на обвинетите туку и нивниот интерес да комуницираат меѓу себе. Од комуникацијата на обвинетите , се прозлезени извештаите со текстуални пораки кои беа изведени како доказ по предлог на застапникот на обвинението.  Факт е дека дел од пораките и податоците не биле избришани, што значи немало потреба од нивно враќање со помош на стручно лице, а дел се вратени бидејќи биле избришани , како што произлегува од исказот на стручното лице Белкија Решити сослушан по предлог на застапникот на обвинението.

            Одбраната ја негираше законитоста на извештаите со текстуални пораки приговарајќи дека се повредени процедуралните Европски и Нато стандарди и дека извешатите не ги содржат потребните контролни вредности кои го гарантираат интегритетот на содржината, но не докажа дека електронската  комуникација меѓу обвинетите би била со друга  содржина и не создаде сомнеж во автентичноста на содржината на пораките.  Законитоста на овие докази е потврдена со решенијата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.79/22, КОКЖ.бр.81/22, КОКЖ.бр.82/22, КОКЖ.бр.104/22 и КОКЖ.бр.105/22, сите од 05.09.2022 година.

Од друга страна, во содржинска смисла, електронската комуникација помеѓу обвинетите има логична последователност  и хронологија, од истата јасно произлегува темата на комуникацијата , почетокот и продолжувањето на допишувањето, јасно се препознава кога обвинетите се координираат, кога  пренесуваат разговор со друг или насоки од друг,  кога почнуваат приватни разговори.   

Електронската комуникација на логичен начин се надоврзува и поклопува со неспорни објективни факти, за кои беа изведени вербални и материјални докази, што упатува на заклучок дека е зачуван интегитетот на содржината на разговорите. Така, на 05.03.2019 година, обвинетиот Ивица Димитровски го прашува обвинетиот Игор Христов, дали дента е крајниот рок за тендерот, а од записникот број 4706-1328/4 произлегува дека вистина отварањето на понудите било на 05.03.2019 година. Од разговорите јасно произлегува дека обвинетиот Ивица Димитровски знае што е тендер и каква е неговата природа, како и дека обвинетиот Игор Христов го поврзал обвинетиот Ивица Димитровски со друштвото Дигитал Медиалаб давајќи му телефонски број од лицето Дуца. Оваа комуникациска содржина наоѓа поткрепа во исказот на сведокот Костадин Ѓурчилов, сослушан по предлог на застапникот на обвиненето од кој произлегува дека состанокот со професорот од ФИНКИ бил организиран токму од страна на вработената Дуца Зврлевска. Понатаму, од комуникацијата на обвинетиот Игор Ивановски со неговата сестра- обвинетата Ирена Ивановска произлегува дека на 25.11.2020 година, обвинетиот Игор дознава дека „Перо“ не е повеќе директор и ја прашува неговата сестра, а таа му кажува дека промената е фиктивна и во суштина ништо не е сменето. Во овој поглед, јавно достапен податок е дека на 24.11.2020 година за нов Генерален секретар беше избран Мухамед Зеќири, па за судот нема дилема, дека кога обвинетите разговараат за Шефот во Генералниот секретаријат, или за Перо, всушност зборуваат за обвинетиот Драги Рашковски.

Што се однесува за извештаите, судот цени за потребно да нагласи дека под минимизирање на податоци или минимизирани извештаи  се подразбира обработка само на оние податоци кои се соодветни и ограничени само на она што е неопходно во однос на легитимната цел за која се обработуваат, а при тоа да не бидат откриени вознемирувачки разговори од лична или интимна природа.

По однос на оправданоста на јавните набваки судот имаше предвид дека предметните набавки на сопствен систем за биометриска идентификација и сопствен софвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, по својата природа се сложени, ризични и набавки од висока вредност, а истото не смеело да се занемари во фаза на донесување на одлуките за ваквите набавки. Развивањето сопствен софтвер е процес, а животниот век на ваквите набавки нужно е поврзан со други последователни набавки и бара многу финансиски и човечки ресурси. Софтверот не само што треба да се развие, треба да се  испорача, инсталира, одржува, евалуира и надградува, а во конкретниот случај вклучува и меѓуинституционална соработка. Постапката за јавна набавка може да е спроведена целосно законито гледано од аспект на спроведените фази, но тоа не ја конвалидира, доколку е доведена во прашање нејзината оправданост. Имено, Генералниот секретар е функционер кој раководи со Генералниот секретаријат и има права и должности утврдени со деловник и со закон. Носител е на дискрециони овластувања но нема екслузивни права да планира набавки за други Министерства. Дискреционите овластувања значат донесување одлуки по слободна процена и овозможуваат флексибилност, но не значат апсолутна слобода во одлучувањето, бидејќи се ограничени со закон.

Такво ограничување за Генералниот секретар произлегува од  Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата кој дава овластување и надлежност на МВР, а не на Генералниот секретаријат да ја следи и анализира состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата; да укажува на актуелните проблеми во областа на сообраќајот на патиштата и предлага мерки за нивно решавање; да води прекршочна постапка за прекршоци.

      Наведеното упатува дека набавката на софтверот за контрола на безбедноста на сообраќајот  не е во функција на надлежностите на Генералниот секретаријат ниту стоките и услугите се потребни на Генералниот секретаријат за да може да ги врши неговите надлежности, туку обвинетиот Драги Рашковски како Генерален секретар со Буџетски средства спровел личен проект базиран на сопствениот патент признаен со решение од 02.04.2018 година на ДЗИС.

   Од друга страна, Уставот на РСМ  и Законот за заштита на личните податоци како специјален закон го ограничуваат користењето и обработката на личните податоци бидејќи нивната употреба е инвазивна на безбедноста и приватноста на поединците. Токму од овие правни акти за Генералниот секретар произлегуваат ограничувања во собирањето и обработка на биометриските податоци, а со одлуката на обвинетиот Драги Рашковски за набавка на системот за биометриска  идентификација е вклучено користење токму на биметриски податоци и тоа отпечатоци од прст, лице, ирис и глас. Одбраната на обвинетиот Драги Рашковски, во завршен збор како и при вкрстено испитување на сведокот Горан Трајковски, поранешен директор на Агенцијата за заштита на личните податоци пласираше теорија на случај дека системот за биометриска идентификација бил наменет за евидентирање на присуство на работно место на вработените во Генералниот секретаријат, но видно од техничката спецификација за оваа јавна набавка, предвидено е системот да складира податоци за над 2.000.000 луѓе, па за судот е неприфатлива теоријата на одбраната бидејќи јавно достапен податок е дека Генералниот секретаријат има приближно 250 вработени што значи ваквиот систем не е наменет за неговите вработени како крајни корисници, а обвинетиот Драги Рашковски како службено лице Генерален секретар не постапувал во интерес на службата при донесување на одлуката за набавка на системот за биометриска идентификација .

 

Набавките на метални кабини и АНПР камерите се набавки во функција на системот за биметриска идентификација и софтверот за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и казнување, па независно од хонологијата на донесените одлуки за набавка , судот ја ценеше оправданоста на овие набавки низ призмата на основните набавки во чија функција требало да бидат  кабините и АНПР камерите. Ова бидејќи набавката на металните кабини и АНПР камерите, имаат функција само во рамките на системот за биметриска идентификација и софтверот за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и казнување, па заклучок на судот е дека нивната набавка ни сама по себе ни во целина со другите набавки не е оправдана.

Понатаму, согласно чл. 36 од ЗЈН, лице кое учествувало во изработката на тендерската документација, не смее биде понудувач или член на групата понудувачи во постапката за јавна набавка. Тоа значи, никако не смеат да се соединат овие две својства – изработувач на тендерска документација и понудувач , бидејќи договорниот орган е тој што ги диктира правилата, а економскиот оператор, сам или со подизведувач постапува по истите. Кај набавката на системот за биметриска идентификација, обвинетиот Ивица Димитровски, по барање на обвинетиот Драги Рашковски како Генерален секретар, направил техничка спецификација за софтверот за биометриска идентификација . При изработката на техничката спецификација, обвинетиот Ивица Димитровски се раководел од моделот на уредот Супрема. Но, обвинетиот Ивица Димитровски, не само што ја изработил техничката спецификација за договорниот орган, туку и како лице од факултетот ФИНКИ учествувал во развивање на софтверското  решение на системот за биометриска идентификација кој требало да го испорача Дигитал Медиалаб ДООЕЛ како најповолен понудувач. Не само обвинетиот Ивица Димитровски, туку и обвинетиот Игор Христов како надворешен соработник на Владата на РСМ учествувал во изработката на техничката спецификација, но во делот за хардвер уредите кои се предмет на оваа јавна набавка. Пред донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач од 18.03.2019 година, правното лице ГБЦ Системи сопственост на обвинетиот Игор Христов извршило плаќање кон странски добавувачи на 26 и 27.02.2019 година, за набавка на камера за препознавање на лице и ирис од око Виста ЕY2P и Скенер за отпечатоци од прст што се поврзува со компјутер, а подоцна издал ф-ра на  ДИГИТАЛ МЕДИАЛАБ Скопје . Наведеното јасно упатува на заклучок дека најповолниот понудувач ДИГИТАЛ МЕДИАЛАБ Скопје го отстапил целиот договор на факултетот ФИНКИ каде обвинетиот Ивица Димитровски бил носител на проектот и на ГБЦ системи- сопственост на обвинетиот Игор Христов, двајцата познаници или пријатели на обвинетиот Драги Рашковски со кој соработувале и комуницирале при изготвување на тендерската документација. Судот не занемари и дека најповолниот понудувач -  Дигитал Медиалаб ДООЕЛ Скопје самостојно немал капацитет ниту моќ да одговори на барањата од јавната набавка , а иако во понудаа не е наведено дека ќе се користат способности на други субјети, сепак на ФИНКИ е отстапено извршувањето на софтверскиот дел од договорот за јавната набавка, додека ГБЦ Системи го набавил хардверот. Ваквото отстапување на договорот, во квалитативна смисла им дава статус на подизведувачи на ФИНКИ и на ГБЦ системи, а не само статус на поддршка на способноста на понудувачот како што е ставот на одбраната.

За предметната набавка, на економскиот оператор Дигитал Медиалаб на ден 23.07.2019 година , од Буџетот на РСМ е исплатен износ од 6.455.816,00 денари кој претставува штета на буџетот на РСМ причинета од обвинетиот Драги Рашковски како службено лице Генерален секретар помогнат од обвинетите Ивица Димитровски како носител на проектот во име на Факултетот ФИНКИ  и Игор Христов како надворешен соработник на Владата на РСМ и  сопственик на ГБЦ системи, која се должни да ја надоместат солидарно.

ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО НАБАВКАТА НА СОФТВЕРОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ПРОСЕЧНА БРЗИНА НА ВОЗИЛА ВО СООБРАЌАЈОТ И ИЗРЕКУВАЊЕ НА КАЗНИ, факт е дека патентното решение чиј носител е обвинетиот Драги Рашковски е опфатено во спецификацијата на софтверот за определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување на казни . Спецификацијата е изработена од обвинетиот Ивица Димитровси по барање на обвинетиот Драги Рашковски, кој му го доставил патентот со идеја да се направи тендер.

Со обична анализа на употребените зборови , фрази и реченици од  техничкиот проблем во патентот и нивна споредба со спецификацијата за софтверот , судот утврди дека од патентот е преземен идентичен текст со таа разлика што во  патентното решение се употребува зборот ,,систем,, кој во спецификацијата на софтверот е заменет со зборот ,,софтвер,,.

Во овој поглед ,на предлог на одбраната на обвинетиот Драги Рашковски беше испитан техничкиот советник од областа на интелектулната сопственост Милица Шутова која пред судот кажа дека на европско тло , софтвер не може да се патентира. Судот, го прифати од овој дел од исказот на техничкиот советник бидејќи Европската конвенција за патенти ги исклучува програмите за компјутер од патентибилност, но судот не занемари дека има патенти за пронајдоци кои вклучуваат софтвер, како што е патентното решение чиј носител е обвинетиот Драги Рашковски. Истото опфаќа праќање информации од уредите до централен систем кој пресметува просторно растојание, временски интервал, просечна брзина, која доколку е поголема од дозволената, системот автоматски генерира казна за возачот, а судот заклучува дека за тоа секако е потребен софтвер.  Судот ценеше дека нема потреба од аргументирање на разликата меѓу патент и софтвер, кои се заштитени со различни закони.

Во врска со оваа постапка за јавна набавка , Друштвото ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје застапувано од управител Даниел Станчев, склучило договор со универзитетот Св.Кирил и Методиј - ФИНКИ застапуван од деканот Иван Чорбев, заради поднесување групна понуда, што произлегува од договорот од 17.12.2019 година. Носител на групната понуда е Друштвото ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје, а во понудата што ја доставило ова друштво на 21.12.2019 година, како лица за контакт се наведени Ѓорѓи Николовски и обвинетиот Ивица Димитровски, а одговорно лице обвинетиот Даниел Станчев и лицето Иван Чорбев .

Тоа значи, обвинетиот Ивица Димитровски не само што ја изработил техничката спецификација за Генералниот секретаријат како договорен орган, туку бил и лице за контакт за еконимскиот оператот ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје кој со одлука од 02.01.2020 година е избран за најповолен понудувач. И не само тоа, туку обвинетиот Игор Христов како надворешен соработник на Владата на РСМ-ГС и Ивица Димитровски како учесник во јавната набавка, комуницирале надвор од модулот на ЕСЈН при што обвинетиот Игор Христов му давал појаснување на обвинетиот Ивица Димитровски за условите на исполнетост на тендерската докумнетација и за денот на одржување на јавната набавка иако тоа не било официјано објавено. Тука не застанала комуникацијата, туку продолжила вибер комуникација помеѓу обвинетиот  Даниел Станчев како сопственик на ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје и обвинетата Ирена Ивановска која е надворешен соработник на Владата на РСМ – ГС, но и лице , кое при претресот врз основа на Наредбата  КОК – ПП бр.111/21 од 08.04.2021 година на овој суд  , е затекната во станбениот простор на обвинетиот Даниел Станчев , каде се ноаѓа и седиштето на Друштвото ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје. При тоа, обвинетата Ирена Ивановска пренесувала насоки од обвинетиот Драги Рашковски за која цена да настапи ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје и за денот на одржувањето на јавното наддавање иако не било официјано објавено.

Кога на ваквата комуникација ќе се додаде фактот дека обвинетиот Ивица Димитровски не само што ја изработил техничката спецификација , туку токму тој е наведен како лице за контакт во понудата чиј носител е ИНВОКА ГРОУП, а  во групната понуда се вклучил како подносител и Факултетот ФИНКИ  каде обвинетиот Ивица Димитровски е професор и носител на проект, потоа дека токму ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ е избран за најповолен понудувач, а при тоа во последната одлука за набавка на овој софтвер намалени се квалитативните критериуми во полза на ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје, на начин што не се бара условот бројот на извршени договори да биде со државни институции, ниту се бара минимален број на корисници од 400.000  јасно произлегува дека во оваа постапка за јавна набавка не е дадена еднаква можност на сите понудувачи иако според членот 82 ст.8 од ЗЈН понудите на сите конкуренти мора да подлежат на исти услови и без фаворизирање. При тоа судот не занемари дека ИНВОКА ГРУП ДООЕЛ СКопје ги исполнувала условите само поради вклучувањето на Факултетот ФИНКИ во групната понуда заедно со ИНВОКА. Освен тоа, од вештиот наод и мислење на Форензик Груп, произлегува дека приливите од државните органи на ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје во 2017 година се 0%, во 2018 година се 51%, во 2019 година – 79 % и 2020 година изнесуваат 84% од вкупните приливи од купувачи.

На 02.07.2020 година, Друштвото ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје фактурирало на Владата на РСМ вкупен износ од 4.997.300,00 денари со вклучен 18% ДДВ  , кој е платен од Буџетот на РСМ. Овој износ претставува штета на буџетот на РСМ причинета од обвинетиот Драги Рашковски како службено лице Генерален секретар помогнат од обвинетите Игор Димитровски , како учесник во постапката, Игор Христов како надворешен соработник на Владата на РСМ и Даниел Станчев како сопственик на ИНВОКА ГРОУП ДООЕЛ Скопје.

По однос на алинеја 5 т.1 од обвинението, Спорно беше дали обвинетите Игор Ивановски и Маја Сиљаноска ги извршувале работните задачи согласно склучените авторски договори и дали на обвинетиот Драги Рашковски како Генерален секретар давале по 40.000,00 денари односно 2/3 од месечниот износ од 60.000,00 денари.  Во овој поглед беа изведени како доказ повеќе извештаи-ф-ри поднесувани од обвинетиот Игор Ивановски и обвинетата Маја Сиљановска. Судот ја ценеше нивната содржина и заклучи дека извештаите се исти или слични еден на друг, не содржат приказ на конкретни проверливи активности и задачи, кои ги извршиле обвинетите односно  не дваат целосна и веродостојна информација за извршените работи. Кон извештаите не е доставена дополнителна документација како потврда дека обвинетите ги извршувале договорите. Во овој поглед вештото лице Биљана Киселичка кажа дека интелектуалните услуги влегуваат во групата на ризични трансакции и согласно Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници се бара да има доволно документација од која ќе може да се утврди што конкретно е направено, кога и на кој начин.

Од друга страна од известувањето бр. 45-5165/42 од Генералниот секретар Мухамед Зеќири судот утврди дека се направени внатрешни проверки и утврдено е дека лицето Маја Сиљаноска нема предадено односно доставено софтвер за кодифицирање на закони и правен поредок до Генералниот секретаријат на Владата, а има доставувано извештаи врз основа на кои е вршена исплатата. За ангажманот на лицето Игор Ивановски не располагаат со анализи и препораки изготвени од истото лице, а доставувани се само извештаи врз основа на кои е вршена исплатата.

Заклучок на овој суд е дека извештаите кои ги доставувале обвинетите Игор Ивановски и Маја Сиљаноска биле фиктивни, а сепак им биле исплаќани буџетски парични средства во месечен износ од по 60.000,00 денари, од кои 1/3 односно 20,000,00 денари задржувале за себе, а 2/3 односно 40.000,00 денари биле наменети и предавани за обвинетиот Драги Рашковски како Генерален секретар и Секретар за мониторинг и подршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата на РСМ и на стратешките проекти во Канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ. Со ваквото постапување обвинетиот Драги Рашковски го искористил службеното овластување да склучува авторски договори со физички лица и прибавил за себе имотна корист во износ од 880.000,00 денари, обвинетиот Игор Ивановски прибавил имотна корист од 240.000,00 денари, а обвинетата Маја Сиљаноска износ од 200.000,00 денари , за кои износи причиниле штета на Буџетот .

 При одлучувањето судот ја имаше предвид и електронската комуникација на обвинетите од која произлегува начинот на изготвување на извештаите, но и правото на обвинетите Игор Ивановски и Маја Сиљаноска да задржат 1/3 од парите за себе, а 2/3 да ги предадат за обвинетиот Драги Рашковски или како што го нарекуваат шефот односно  Перо. Не само тоа, судот ги  имаше предвид и писмените докази по однос на приливите на парични средства што ги имале овие обвинети на нивните сметки но и износите и динамиката на одливите.

По основ на склучените авторски договори со обвинетиот Ивица Димитровски , Обвинетиот Драги Рашковски со искористување на службеното овластување прибавил за себе вкупен поголем износ од 390.000,00 денари на начин што обвинетиот Ивица Димитровски од месечниот нето износ од 80.000 денари, задржувал 50.000,00 денари, а износ од 30.000 денари подигал од сопствената сметка за обвинетиот Драги Рашковски.

По однос на обвинението против обвинетиот Драги Рашковски под т. 2 за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 став 1 од КЗ, судот заклучи дека паричните средства во вкупен износ од 684.603,00 денари кои обвинетиот Драги Рашковски ги пуштил во оптек  не потекнуваат од легални извори, туку од сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.5 в.в. ст.1 в.в чл. 45 од КЗ, а  истите ги пуштил во оптек со намера да го прикрие нивното нелегално потекло.

Во делот на обвинението против обвинетиот Драги Рашковски за кривичното дело Фалсификување исправа од чл. 378 став 1 в.в. чл. 45 од КЗ судот се раководеше од известувањето на НЛБ Банка дека предметната картица за партија за лицето Љубен Милошевски од 17.09.2021 година е издадена од оваа Банка и не е фалсификат.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_