СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  07.8.2019
Во однос на повеќе новинарски прашања за Т.М. кој се наоѓа во притвор заради постапка за екстрадиција по распишана меѓународна потерница...

Во однос на повеќе новинарски прашања за Т.М. кој се наоѓа во притвор заради постапка за екстрадиција по распишана меѓународна потерница, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја  досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето во Р. Србија како баратели на екстрадицијата.

Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.

Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ.

Со почи Основен кривичен суд – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_