СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 16.03.2017
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 16.03.2017
Новости
|
16.3.2017
Во текот на 15.03. и 16.03. 2017 година судиите во Основен суд Скопје 1 - Скопје на иницијатива на ВД Претседателот и судот во рамките на своите области на работа одржаа состаноци на кои го изразија своето мислење и предлози за изготвување на распоредот за работа на судиите.
Почитувани

На 17 март 2017 година ќе се одржи закажаната редовна работна посета на судиите од Апелациониот суд Скопје во Основниот суд Скопје 1 - Скопје на која ќе се разгледуваат актуелните прашања во врска со примената на законите, ажурноста во работењето и проблемите со кои се соочуваат судовите во секојдневното работење.
Со почит
Основен суд Скопје 1 - Скопје