СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
15.8.2024
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска по одржана седница во присуство на надлежен Јавен обвинител, осомничениот Н.Ѓ. и неговиот бранител ја прифати предлог спогодбата меѓу Обвинителството и осомничениот и донесе пресуда со која осомничениот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од 3 години за кривичното дело од чл.359 ст. 7 Примање награда за против законито влијание за која согласно КЗ предвидена е казна во висина од 1 до 10 години.
Воедно со пресудата, изречена е дополнителна мерка Забрана за вршење професија дејност во траење од 3 години од правосилноста како и конфискација на имотната корист, стекната со извршување на кривичното дело во износ од 15.000 евра.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.