СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  22.12.2022
Во однос на денешната одложена расправа за предметот со КОК бр. 7/20 познат како „Титаник 2 “и шпекулациите кои произлегоа за спроводот на еден од обвинетите кои издржуваат казна затвор во Затвор Струга, ја информираме јавноста дека:

Судечкиот совет кој постапува по предметот, на денешната главна расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведена датата 22.12.2022 година што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението.

Од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евиднтниот број на повратницата која ја добива Затворот.

Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 ( евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна.

Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани.

За сите овие детали Кривичниот суд ја извести Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување на 26.12.2022 година.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_