СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
25.6.2024
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека:
Денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 61/24 во јавноста познат како „Синџир“ се одложи поради отсуство на едно од 32 обвинети правни и физички лица во предметот.
Расправата е презакажана за 08.07.2024 година во 10:00 часот за што странките во постапката беа известени на денешното рочиште на кое воедно и на бранителот на отсутниот обвинет му беше посочено да го извести својот властодавец, а во случај на негово повторно отсуство на следната расправа, со претходна уредна достава на покана, превентивните мерки ќе бидат заменети со построги, со оглед да се работи за притворски предмет од јавен интерес.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.