СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Press realeses  |  May 4, 2017
Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје пред судија на претходна постапка, во текот на вчерашниот ден беа спроведени три лица со предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор за едно лице и определување мерки за претпазливост за две лица.

По ценење на фактите и доказите и произнесување на странките во однос на предлогот, судот донесе решение со кое за едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од КЗ и кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 од КЗ го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му определи мерка притвор во трање од 8 дена, додека за другите две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од КЗ го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерки на претпазлиовост од член 146 ст.1 т. 1,2,3 и 5 од ЗКП односно:

1. Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето,

2. Обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице

или кај надлежен државен орган,

3. Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање,

5. Забрана за посетување на определено место или подрачје.

ДОПОЛНУВАЊЕ

Во текот на денешниот ден во судот беше спроведено уште едно лице кое е дел од предлогот на Јавното обвинителство против 15 лица за кој судот по ценење и прозинесување на странките во однос на предлогот го прифати предлогот и му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_