СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Реакција на соопштението на синдикатот на САДУ
Во врска со наводите на синдикатот – САДУ за „Притисоци врз синдикатот да се стопира најавениот штрајк во Основен суд Скопје 1 - Скопје“ ги известуваме медиумите дека се работи за апсолутни невистини и шпекулации кои го нарушуваат угледот како на судот така и на самите вработени во институцијата - членови на синдикалните организации. За таа цел бараме раководството на САДУ да престане да манипулира со совето членство и да се повикува на истите со пласирање на лаги и невистини.
За појаснување потребно е да напоменеме дека на споменатиот состанок помеѓу управата и судските службеници во судот, не само што воопшто не стана збор за било какви закани и казни, туку управата даде целосна поддршка и слобода на сите вработени самите да одлучат дали и во каква форма ќе стапат во штрајк за остварување на нивните права.
Со дозвола на службениците, целиот состанок е аудио снимен се со цел да не дојде до неосновани обвинувања и изнесување невистини од самиот состанок.
Заради сето тоа од раководството на САДУ бараме демантирање на изнесените невистини и извинување се со цел да го заштитиме угледот на судот и вработените во судот, а во спротивно судот ќе поднесе тужба за објавените лаги.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.