СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  01.3.2019
Реакција на соопштението на синдикатот - САДУ

Реакција на соопштението на синдикатот на САДУ

Во врска со наводите на синдикатот – САДУ за „Притисоци врз синдикатот да се стопира најавениот штрајк во Основен суд Скопје 1 - Скопје“ ги известуваме медиумите дека се работи за апсолутни невистини и шпекулации кои го нарушуваат угледот  како на судот така и на самите вработени во институцијата - членови на синдикалните организации. За таа цел бараме раководството на САДУ да престане да манипулира со совето членство и да се повикува на истите со пласирање на лаги и невистини.

За појаснување потребно е да напоменеме дека на споменатиот состанок помеѓу управата и судските службеници  во судот, не само што воопшто не стана збор за било какви закани и казни, туку управата даде целосна поддршка и слобода на сите вработени самите да одлучат дали и во каква форма ќе стапат во штрајк за остварување на нивните права.

Со дозвола на службениците, целиот состанок е аудио снимен се со цел да не дојде до неосновани обвинувања и изнесување невистини од самиот состанок.

                Заради сето тоа од раководството на САДУ бараме демантирање на изнесените невистини и извинување се со цел  да го заштитиме угледот на судот и вработените во судот, а во спротивно судот ќе поднесе тужба за објавените лаги.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_