СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Njoftim për opinionin  |  4 Tet 2024
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. од ноември 2023 – та година, ја известуваме јавноста дека:

ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје на 02.10.2024 година го извести Основниот кривичен суд Скопје, дека притвореникот Б.В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ Затвор Скопје е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника заради влошена здравствена состојба.

Имајќи го предвид известувањето, а заради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9 октомври 2024 година ќе бидат отповикани, а судењето ќе продолжи на следниот, веќе насрочен термин, на 14.10.2024 година во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_