Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

НАДЛЕЖНОСТ

Надлежноста на Основниот кривичен суд Скопје е определена согласно Законот за  судови Службен весник на РМ бр.58/2006 и законот за изменување и дополнување на Законот за судови Службен весник на РМ бр.35 од 14.03.2008 год.
    Во судскиот систем судската власт ја вршат Основните судови, Апелационите судови, Управниот суд и Врховниот суд на Република Македонија.
    Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со Законот за судовите.
    Основниот кривичен суд е кривичен суд со основна и проширена надлежност за  подрачјето на општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петтровец, Илинден и Арачиново.
    Во Основниот кривичен суд Скопје е формирано специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и тоа за територијата на цела Република Македонија. 

 

ИСТОРИЈАТ
ПОСЕТА НА ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА ВО ЗАТВОР СКОПЈЕ- СКОПЈЕ

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Новости  | 24.11.2022
    Во однос на денешните медиумски изјави на дел од оштетените во предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај Ласкарци, ја информираме јавноста, но и оштетените чив револт целосно го разбираме, дека: [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 23.11.2022
    Заради интерес на медиумите и новинарските здруженија, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на ОЈО – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело Насилство од чл. 386 ст. 3 в.в. со ст. 1 од КЗ, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 21.11.2022
    Главната расправа за предметот КОК бр. 64/17 од Обвинителство означен како „Тендери“ насрочена за 23.11.2022 година во 10:00 часот, се одлага поради тоа што предметот со сите списи се уште не е вратен по Наредба за супервештачење од Бирото за судски вештачења. Заради интерес на медиумите и невладините организации кои го следат судењето, ја информираме јавноста дека расправата ќе продолжи на 15.12.2022 година во 10:00 часот. Со почит Основен кривичен суд Скопје. [повеќе]

Сите вести