ЗА СУДИИТЕ
ActionsЗа судиите
Именик на судии
За решавање на предметите од надлежност на Основниот кривичен суд Скопје ангажирани се 56 судии и тоа:
Претседател
CV на Претседател
Судија Иван Џолев
Судиите
Судија Оља Ристова
Судија Оља Ристова
Образование:
Дипломирала на Правен факултет при Универзитетот Св.“Кирил и Методиј“, Скопје во 1992 година
Правосуден испит положила при Министерство за правда на РМ во 1994 година
Застапник за заштита на правата од индустриска сопственост при Биро за заштита на индустриска сопственост, Министерство за развој во 1996 година
Магистер по казнено право при Правен факултет “Јустинијан Први“ Скопје во 2108 година
Работно искуство:
На 07.07.2009 година судија во Основниот суд Скопје I Скопје е избрана каде работи на следните оддели:
- Судија во Кривичен оддел полнолетни 07 јули 2009 – 08.02.2016 и од
01.01.2018 година
- Судија во Оддел за прекршоци од 08.02.2016 – 20.09.2016 година.
- Судија во Оддел за малолетници од 21.09.2016 година – 31.12.2017 година
Од 10.07.2008 – 07.07. 2009 година Раководител на одделение за имотно-правни работи – Управен суд Скопје
Од 01.04.2004 година до 09.07.2008 година Национален правен советник на проекти и мисии на Европска Унија поврзани со имплементација на реформи во полицијата
Од 01.01.1995 година до 31.03.2004 година Адвокат
Објавени трудови и активности:
Активности:
Член на Управен одбор и заменик претседател во Академијата за судии и јавни обвинители од октомври 2018 година до денес
Предавач во почетна и континуирна обука во Академијата за судии и јавни обвинители од 2013 година на тема: Семејно насилство , Жртви на семејно насисто – жени и деца, Раководење со главна расправа, Право на фер судење, судење во разумен рок, еднаквост на оружјата низ призма на чл.6 од ЕКЧП, Скратени постапки, Совет на европа – сертификати Притвор , Говор на омраза, кривични дела од омраза, пристап до правда за децата
Учество во комисии и работни тела:
- Работна група формирана од Здружение на судии на РМ и ОБСЕ за изработка на Документ за јавни политики (предлог измени на Законот за судови и Закон за судски совет) 2018
- Работна група за изготвување на Законот за укажувачи – Министерство за правда на РМ 2017 година
- Работна група за предлог Закон за полиција формирана од МВР на РМ учесник како правен експерт од Мисијата на ЕУ ЕУПОЛ Проксима 2004-2007 година
- Работни групи за подзаконски акти во МВР, правилници за постапување на полицијата, правилници за употреба на огнено оружје, упатство, постапување со жртви на трговија со луѓе, дисциплински постапки во МВР, како правен експерт од Мисијата на ЕУ ЕУПОЛ Проксима 2004-2007 година
- Работна група за донесување на Закон за спречување и заштита од семејно насилство јуни 2014 година – Собрание на РМ
Публикации и трудови:
- Research – “Covid -19 and detention for children in criminal procedures in Republic of North Macedonia” International Association of youth and family judges and magistrates March 2020
- Application of the restorative approach in the Macedonian judicial practice I criminal procedures against children” Chronicle supported by International Association of youth and family judges and magistrates 2020 Edition;
- Пробациската служба мора да заживее – “Јанаки знае“ 2019 година
- Ресторативна правда – правда за децата - “Јанаки знае“ 2019 година
- Улогата на судијата за деца во постапувањето со децата во ризик и децата сторители на дејствија што со закон се предвидени како кривични дела и проблемите со кои судијата се соочува во праксата во Република Македонија – септември 2018;
- Дали навистина јавните обвинители имаат привилегирана позиција во законот за кривична постапка-дали се „родени во виолетово – Правоматика септември 2017;
- Прирачник за постапување на судовите во постапите за заштита од семејно насилство – Здружение ЕСЕ, 2015 година
Учесник и предавач на повеќе обуки, семинари, работилници, национални и меѓународни конференции од областа на казненото право, и човековите права и слободи како и студиски посети во правосудни институции и тоа: САД – Сакраменто, Калифорнија 2013 година, САД – New Port, Defense Institute for Legal Studies – 3 weeks training – Legal Aspects of Combating Corruption – 2018 во органзиација Здружение на судии на РСМ, Здружение на кривично право и криминологија, Академија за судии и ЈО, Здружение на правници на Македонија, Адвокатска комора на Македонија, Совет на Европа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадата на САД, UN Women, UNDOC.
Странски јазици:
Одлично познавање на англиски јазик, добро познавање на српски и хрватски јазик, основно познавање на француски и германски јазик
Судија Пајазит Пајазити
Судија Пајазит Пајазити
Судија Сандра Крстиќ
Судија Сандра Крстиќ
Образование:
-1996 година дипломира на Правниот факултет во Скопје.
-1998 година положен правосуден испит;
Работно искуство:
-Од април месец 1998 година вработена како приправник стручен соработник, а потоа
како стручен соработник во Апелациониот суд Скопје, при што извршувала работи и
работни задачи на граѓанска и кривична материја.
-За судија избрана 14.01.2010 година. Од изборот распределена на Одделот кривично
полнолетни се до 01.03.2016 година, кога е распределена во Специлизирано судско
одделение надлежно за судење на дела од областа на организиран криминал и корупција
за целата територија на РСМ. Од 03.10.2016 година распределена во Оддел на претходна
постапка.
-Во периодот од 06.12.2012 година се до средината на март месец 2016 година
Претседател на Оддел кривично полнолетни.
Објавени трудови и активности:
- од 2018 година е ментор во Академијата за судии и јавни обвинители;
- преку DCAF ангажирана како автор на Прирачникот за спроведување на мерките за
следење на коминикациите.
- Учество на повеќе семинари во земјата и странство.