Слободен пристап до информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Слободен пристап до информации

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен граѓански суд Скопје ја изготви следната

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Листата на информации од јавен карактер на Основен граѓански суд Скопје ја сочинуваат следните групи на информации:

1

Општи информации за судот

3

Судска Власт

2

Судска пракса

4

Контакт информации

Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен граѓански суд Скопје со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот граѓански суд Скопје или да го симнат тука.

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен граѓански суд Скопје, Бул. “Гоце Делчев“, бр.4 или на e-mail: portparol@osskopje2.mk, како и на факс бр.3115 -737. 

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 3120-171.

Основен граѓански суд Скопје согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Сања Томиќ Велкоски - портпарол.
 
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.

На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок.

Ви благодариме.


 Преземање

Контакт

Сања Томиќ Велкоски

Фиксен телефон:
02 / 3 120 171
Мобилен телефон:
076 491 216

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 4/2019

    Новости  | 15.11.2019
    Врз основа на член 17 став 1, член 20 став 1 алинеја 1 и чл. 25 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 98/15, 33/15,06/16 и 198/18) и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 236/ 18) ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ објавува ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 4/2019 за вработување на неопределено време на 1 (еден) судски службеник за работно место: 1. Категорија Г, ниво Г-2, Виш судски референт за прием и експедиција на пошта - 1 извршител [повеќе]
  • ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19

    Новости  | 15.11.2019
    Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (Пречистен текст, „Сл. Весник на РМ“ бр. 27/16, 120/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр.110/19) вв. член 3 став 2 и член 20 од Законот за судска служба(„Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 98/15, 33/15,06/16 и 198/18), како и член 5 и 54 од Правилникот за систематизација на работните места во судот ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ објавува ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19 на едно (1) лице на неопределено време за работното место: Работник- курир 1 (еден) извршител [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ

    Новости  | 12.11.2019

Сите вести