С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 01.07.2024 година
Симнато од огласна табла на 10.07.2024 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
61 ТС1-82/24
01.07.2024 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен пред овој суд по тужбата на тужителот Рудници и железарница УСЛУГИ АД Скопје, против тужениот Друштво за трговија со гас и електрична енергија ГАС & ЕЛЕКТРИСИТИ ТРЕЈДИНГ ДОО Скопје, за Регрес, вредност на спорот 29.094.132,00 денари, во текот на постапката тужениот Друштво за трговија со гас и електрична енергија ГАС & ЕЛЕКТРИСИТИ ТРЕЈДИНГ ДОО Скопје не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла покана за подготвително рочиште. По истекот на рокот од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла, ќе се смета дека доставата е уредно извршена до тужениот Друштво за трговија со гас и електрична енергија ГАС & ЕЛЕКТРИСИТИ ТРЕЈДИНГ ДОО Скопје.
Одговорен работник,