С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 07.10.2021 година,
Симнато од огласна табла на ден _______ 2021 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
51 МАЛВТС-210/21
07.10.2021 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен од тужителот Друштво за производство и трговија на големо и мало ИНТЕГРАЛ ДООЕЛ увоз-извоз Тетово, против тужените Друштво за трговија, промет и услуги МАРКЕТ ЌУШЕ ДООЕЛ Скопје, и Марјан Талески од Скопје, во текот на постапката второтужениот Марјан Талески од Скопје, не го извести судот за промена на адресата на живеалишето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла покана за одговор на тужба и тужба со докази. По истекот на рок од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена.
Одговорен работник,