СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Новости  |  26.9.2019
Почитувани, Основниот граѓански суд Скопје, на ден 25.09.2019 година, беше посетен од страна на Божина Липај – експерт од Канцеларијата на Светска Банка во Скопје. Состанокот се одржа во просториите на судот и на истиот присуствуваа судија Антоанета Димовска (Претседател на Оддел за имотни спорови, спорови од мала вредност и семејни спорови) и Советник – Портпаролот на судот Сања Томиќ Велкоски.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

 

            Почитувани,

 

            Основниот граѓански суд Скопје, на ден 25.09.2019 година, беше посетен од страна на Божина Липај – експерт од Канцеларијата на Светска Банка во Скопје. Состанокот се одржа во просториите на судот и на истиот присуствуваа судија Антоанета Димовска  (Претседател на Оддел за имотни спорови, спорови од мала вредност и семејни спорови) и Советник – Портпаролот на судот Сања Томиќ Велкоски.

 

            На почетокот на состанокот експертот Божина Липај го претстави проектот „Модернизација на земјоделско земјиште“, кој Канцеларијата на Светска банка во Скопје го спроведува  во соработка со Министерство за земјоделство Скопје. Во текот на состанокот судијата Антоанета Димовска го запозна присутниот експерт со надлежноста и функцирањето на Основниот граѓански суд Скопје. Потоа, судијата Антоанета Димовска даде краток осврт и за постапките поврзани со земјоделско земјиште во државна сопственост, приватна сопственост, сосопственост, закуп, постапки по поднесен предлог за физичка делба на земјиште, судски такси за одлуки, како и со позитивната законска регулатива во оваа област.

 

            Состанокот заврши со искажана взаемна благодарност меѓу присутните.

                                   

                                                                                    Со почит,

                                                                        Основен граѓански суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_