СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Новости  |  30.3.2018
Почитувани, Основниот суд Скопје II Скопје, во периодот од 1 јануари 2017 година, заклучно со 31 декември 2017 година, во работа имаше 60.091 предмети. Од нив, 14.966 предмети се пренесени од претходните години, 1676 предмети се повторно во работа, а 75 предмети се погрешно заведени. Од вкупниот број 60.091 предмети, 43.524 се новопримени предмети во текот на 2017 година. Паралелно со новопримените 41.482 предмети во текот на 2016 година, евидентен е пораст односно зголемување на бројот на новопримени предмети во 2017 година...

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

 

           

 

            Почитувани,

           

            Основниот суд Скопје II Скопје, во периодот од 1 јануари 2017 година, заклучно со 31 декември 2017 година, во работа имаше 60.091 предмети. Од нив, 14.966 предмети се пренесени од претходните години, 1676 предмети се повторно во работа, а 75 предмети се погрешно заведени. Од вкупниот број 60.091 предмети,  43.524 се новопримени предмети во текот на 2017 година. Паралелно со новопримените 41.482 предмети во текот на 2016 година, евидентен е пораст односно зголемување на бројот на новопримени предмети во 2017 година.

 

            Имено, во текот на 2017 година, од вкупниот број 60.091 предмети во работа, решени се 47.076 предмети, што е за 5697 предмети повеќе во однос на 2016 година, кога биле решени 41.379 предмети.

 

            Анализата на вкупните податоци покажува дека Судот, во текот на извештајната година, го совладал приливот и го намалил заостатокот на нерешени предмети од претходните години и тоа со само 66 судии, покрај Претседателот на судот, што е за 10 судии помалку во однос на утврдените 77 судиски места во  Основниот суд Скопје II Скопје.

 

Со оглед на наведеното, може да се заклучи дека Судот како консеквенција на заедничките напори вложени во изминатиот период и како резултат на максималната ажурност и ефикасност на судиите и судската служба, предводени и раководени во организациона смисла од Претседателот на судот Илир Сулејмани, работел ажурно, го совладал приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети од претходните години.

 

Основниот суд Скопје II Скопје им го честита Денот на правосудството на сите вработени во правосудните органи и им посакува оптимизам, неисцрпна енергија и нови егземпларни професионални достигнувања во остварување на принципот на владеење на правото и јакнење на правната држава.

 

 

                                                                                                Со почит,

                                                                          Основен суд Скопје II Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_