ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020

Новости  |  11.12.2020
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP

СУ- 04-233/20 Agj- 04-233/20

11.12.2020 година viti 11.12.2020

СКОПЈЕ SHKUP

 

 

Врз основа на член 20,  член 39 , член 40 став 1 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија” бр. 43/2014,33/2015,98/2015,6/2016,198/18,248/2018 ) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2020)

 

                                                       ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

                                                                             објавува

                                                         ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ  

 

Се објавува интерен оглас за унапредување на судски службеник за работно место: 

  Раководител на одделение за информатика -шифра: СУД 0101Б04004

1-еден извршител

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови :

 - најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултет од областа на информатиката или друг факултет од соодветна област

 - најмалку 4-четири години работно искуство во струката 

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија

(англиски, француски и германски)

-активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење

 

На интерниот оглас може да се пријават судски службеници од Основен граѓански суд Скопје кои ги исполнуваат и следните услови:

 - да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,

 - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

 - да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

 - да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

  • Работно време од понеделник до петок; од 7.30 часот и завршеток на истото во 15.30 часот
  • Работни часови неделно: 40
  • Платата(степен на образование и плата за ниво и звање на работното место) изнесува : 30.975,00 денари во нето износ

 

Кон пријавата кандидатите може да ги приложат и следните докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки како посетител,не постари од 5 години
  • потврди за успешно реализирани обуки како обучувач,не постари од 5 години
  • потврди за успешно реализирано менторство како ментор
  • потврди за успешно реализирано менторство како менториран

Рок за пријавување на огласот изнесува 5 –пет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

Кандидатите пополнетата пријава со доказите за податоците содржани во пријавата, во хартиена форма ја доставуваат преку приемната писарница на Основен граѓански суд Скопје до Комиосија за селекција за унапредување.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Напомена : Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка


 

 

                                                                                              ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

 

 

Пријава за интерен оглас

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_