С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 14.09.2021 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
62 МАЛВТС-184/21
14.09.2021 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен пред овој суд по тужбата на тужителот Друштво за производство, трговија и услуги КМ-ИНЖИЊЕРИНГ Кокан увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, против тужениот Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги АЛЕМА-ГАМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, за стекнување без основ, вредност на спорот 40.000,00 денари, во текот на постапката, тужениот Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги АЛЕМА-ГАМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла покана за одговор на тужба и тужба со докази од 04.06.2021 година . По истекот на рокот од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла, ќе се смета дека доставата е уредно извршена до тужениот Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги АЛЕМА-ГАМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Одговорен работник,