ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 4/2018 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 4/2018

Новости  |  27.12.2018

Врз основа на член 17 став 1, член 20 став 1 алинеја 1 и чл. 25 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 98/15, 33/15,06/16 и 198/18) и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 236/ 18)

 

ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II – СКОПЈЕ

 

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 4/2018

за вработување на 16 (шеснаесет) судски службеници за следниве работни места:

 

  1. Категорија В, ниво В-4  Помлад судски соработник  -             3  извршители;

 

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот суд Скопје II – Скопје:

 

-Најмалку високо образование (VII/1) или најмалку 240 кредити според ЕКТС -  правен факултет

-  со или  без работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

 

                Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 23.098,00 денари.

 

2. Категорија Г, ниво Г-1 Самостоен судски референт – водител на писарница- 2 извршители

 

                Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот суд Скопје II – Скопје:

 

-  Најмалку вишо или средно образование

- Најмалку три години работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

 

                Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 18.734,00 денари.

 

 

 

  1. Категорија Г, ниво Г-2, Виш судски референт- извршител во писарница - 2 извршители                                                                                                                      

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот суд Скопје II – Скопје:

 

-   Најмалку вишо или средно образование

- Најмалку две години работно искуство во струката  

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

 

                Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 17.772,00 денари.

 

 

  1. Категорија Г, ниво Г-3, Судски референт - дактилограф - 8  извршители;

 

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот суд Скопје II – Скопје:

 

- најмалку више или средно образование.

 - најмалку една година работно искуство во струката.

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

 

                Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 16.434,00 денари.

 

 

  1.  категорија Г, ниво Г-4,   помлад судски референт – доставувач -    1  извршител;

 

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот суд Скопје II – Скопје:

 

-најмалку више или средно образование.

-со или без работно искуство во струката.

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

 

                Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 15.228,00 денари.

 

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во  Законот за судска служба  и Правилникот за систематизација на работните места во Основниот суд Скопје II - Скопје, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на судските службеници, утврдени во член 21 став 1 од Законот за судска служба, и тоа: да е државјанин на Република Македонија,активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Кандидатите се должни да поднесат пополнета пријава (образец објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 236/18) по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ бул.Гоце Делчев бр.4, 1000 Скопје (со назнака за оглас бр. 4/2018) или преку приемното одделение на Основниот суд Скопје  II – Скопје. Пријавите за вработување може да се подигнат и во  приемното одделение  во Основниот суд Скопје II - Скопје, секој работен ден од 08,30 до 14,30 часот.

 

                 Кон пријавата кандидатите се должни да ги достават  доказите утврдени во членот 26 став (2) и (3) од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 98/15, 33/15, 06/16 и 198/18) и чл. 20 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ број 198/18), како и лекарско уверение за општа здравствена состојба,за работното место и потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност и должност.

 

                Рокот за пријавување на јавниот оглас  изнесува петнаесет (15) дена од денот на неговото објавување во дневните весници.

 

 Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основниот суд Скопје II - Скопје .

 

 

                                                                                                ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_