С О О П Ш Т Е Н И Е
Вести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
ОТВОРЕН ДЕН ВО ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот граѓански суд Скопје и Мисијата за поддршка на владеење на правото на Европската унија на ден 17.11.2025 година, организираа Отворен ден во Основниот граѓански суд Скопје, за запознавање на средношколци и студенти со работата на судот како дел од стратегијата на Мисијата за поголема отвореност и пристапност на граѓаните до судовите.
По тој повод, ученици од четврта година од Средното правно училиште на Град Скопје Васил Антевски – Дрен и Средното правно училиште на Град Скопје Арсениј Јовков, како и студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, имаа можност да се запознаат со техничките и просторните услови за работа во судот, како и да присуствуваат на рочиште во граѓански спор, при што имаа можност непосредно да се запознаат со текот на судската постапка. Во продолжение на средбата, ученциите и студентите се запознаа со Заменик Претседателот на судот – судија Весна Трајанова и Претседателот на Одделот за имотни спорови и спорови од мала вредност – судија Јехона Садику, кои во своите излагања дадоа краток осврт за надлежноста на судот и неговата организациона поставеност.
Со одржувањето на отворен ден во судот, Основниот граѓански суд Скопје успешно ја продолжува досегашната пракса во насока на остварување на заложбите за поголема отвореност и транспарентност во јавноста, како и соработката со невладините организации, меѓународните мисии во земјата и образовните правни институции.
Со почит,
Основен граѓански суд Скопје