ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19

Новости  |  15.11.2019
Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (Пречистен текст, „Сл. Весник на РМ“ бр. 27/16, 120/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр.110/19) вв. член 3 став 2 и член 20 од Законот за судска служба(„Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 98/15, 33/15,06/16 и 198/18), како и член 5 и 54 од Правилникот за систематизација на работните места во судот ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ објавува ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19 на едно (1) лице на неопределено време за работното место: Работник- курир 1 (еден) извршител

Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (Пречистен текст, „Сл. Весник на РМ“ бр. 27/16, 120/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр.110/19) вв. член 3 став 2 и член 20 од Законот за судска служба(„Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 98/15, 33/15,06/16 и 198/18), како и член 5 и 54 од Правилникот за систематизација на работните места во судот

 

ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19

на едно (1) лице на неопределено време за работното место:

 

 

Работник- курир 1 (еден) извршител

 

Посебни услови:

 

Стручни квалификации:

- Средно образование или основно образование

Работно искуство: со или без работно искуство.

Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот;неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 13.569,00 денари.

Времетраење на работниот однос: неопределено.

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба:

- да е државјанин на Република Северна Македонија,

- активно да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен,

- да има општа здравствена способност за работното место и

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.

Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-меил адреса и контакт телефон.

Рокот за поднесување на молбите изнесува пет (5) работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Пополнетите молби и доказите кандидатите се должни да ги достават во Основниот граѓански суд Скопје, на одделението за прием, секој работен ден или по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ бул. Гоце Делчев бр. 4, 1000 Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување – 3/19).

 

Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.

 

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_