ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19
Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (Пречистен текст, „Сл. Весник на РМ“ бр. 27/16, 120/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр.110/19) вв. член 3 став 2 и член 20 од Законот за судска служба(„Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 98/15, 33/15,06/16 и 198/18), како и член 5 и 54 од Правилникот за систематизација на работните места во судот
ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -3/19
на едно (1) лице на неопределено време за работното место:
Работник- курир 1 (еден) извршител
Посебни услови:
Стручни квалификации:
- Средно образование или основно образование
Работно искуство: со или без работно искуство.
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот;неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 13.569,00 денари.
Времетраење на работниот однос: неопределено.
Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-меил адреса и контакт телефон.
Рокот за поднесување на молбите изнесува пет (5) работни дена од денот на објавувањето на огласот.
Пополнетите молби и доказите кандидатите се должни да ги достават во Основниот граѓански суд Скопје, на одделението за прием, секој работен ден или по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ бул. Гоце Делчев бр. 4, 1000 Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување – 3/19).
Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ