СООПШТЕНИЕ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД
ППНИ -61/21
24.03.2021 година
СКОПЈЕ
До
Даниела Михајловска Радоњанин
ул. Наум Наумовски Борче бр.56
Скопје
ПРЕДМЕТ: барање
На ден 11.02.2021 година по приговор доставен од Ваша страна до овој суд заведен е предмет ППНИ -61/21.
По увидот во списите во приговорот, судот констатира дека во истиот недостасува страна 2, како и дека истиот е пратен во еден примерок до судот, наместо во два примероци.
Исто така судот од увидот во приговорот констатира дека на првата страна приговарате против налог за извршување врз плата и други парични побарувања И бр. 443/2014 од 28.01.2014 година на извршител Благоја Каламатиев од Скопје, додека пак во прилог на доказите доставени со приговорот приложен е налог за извршување врз плата и други парични побарувања И бр. 443/2014 од 25.12.2020 година.
Од овие причини потребно е во рок од 3 дена по приемот на овој допис да ги отстраните констатираните недостатоци на начин што ќе го уредите поднесениот приговор во кој конкретно ќе наведете против кој налог за извршување приговарате и од така уредениот приговор да доставите уште два примерока од приговорот и уште еден примерок од доказите приложени кон приговорот поднесен во судот на ден 11.02.2021 година, а во спротивно приговорот ќе се отфрли.
Судија
Гордана Билеска