ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2022 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2022

News  |  Dec 26, 2022
СУ- 04-225/22

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА                                                                   REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ                                                                     GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP

СУ- 04-225/22                                                                                                               Agj- 04-225/22

22.12.2022 година                                                                                                       viti 22.12.2022

СКОПЈЕ                                                                                                                        SHKUP

 

Врз основа на член 17 став 1, член 20 став 1 алинеја 1 и чл. 25 од Законот за судска служба („Сл. весник на РМ“ број 43/14,33/15, 98/15, 06/16,198/18,248/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр. 235/22) и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл. весник на РМ“ број 236/ 18)

 

ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2022

за вработување на неопределено време на 6 (шест) судски службеници за следните работни места:

 

1. Шифра СУД0101Б04001, Категорија Б, ниво Б-4, Раководител на оддел - 2 извршители

 

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во судот:

- Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правен факултет и положен правосуден испит

- Најмалку 4 години работно искуство во струката по положен правосуден испит

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

Дневно работно време 8 (осум) часа од 07:30 до 15:30 часот; дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; неделно работно време 40 часа; работни денови од понеделник до петок; основна нето плата 39.467,00 денари;

 

2. Шифра СУД0101В04001 Категорија В, ниво В-4, Помлад судски соработник - 3 извршители

 

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во судот:

- Најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет

- Со или без работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

Дневно работно време 8 (осум) часа од 07:30 до 15:30 часот; дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; неделно работно време 40 часа; работни денови од понеделник до петок; основна нето плата 27.859,00 денари;

 

 

3. Шифра СУД0101Г04001,Категорија Г, ниво Г-4, Помлад судски референт- записничар - 1 извршител

 

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во судот:

-Најмалку више или средно образование

-Со или без работно искуство во струката

-Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски

Дневно работно време 8 (осум) часа од 07:30 до 15:30 часот; дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; неделно работно време 40 часа; работни денови од понеделник до петок; основна нето плата 18.398,00 денари.

 

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за систематизација на работните места во судот, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на судските службеници, утврдени во член 21 став 1 од Законот за судска служба, и тоа: да е државјанин на Република Северна Македонија,активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Кандидатите се должни да поднесат пополнета пријава (образец објавен во „Сл. весник на РМ“ број 236/18) по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ бул.Гоце Делчев бр.4, 1000 Скопје (со назнака за јавен оглас бр. 2/2022) или преку приемното одделение на Основниот граѓански суд Скопје. Пријавите за вработување може да се подигнат и во приемното одделение во Основниот граѓански суд Скопје, секој работен ден од 08,30 до 14,00 часот.

 

Кон пријавата кандидатите се должни, во оригинал или во форма на копии заверени кај нотар, да ги достават доказите утврдени во членот 26 став 2 и став 3 од Законот за судска служба („Сл. весник на РМ“ број 43/14, 33/15, 98/15, 06/16, 198/18 , 248/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр. 235/22 ), како и лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место и потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Рокот за пријавување на јавниот оглас изнесува дваесет (20) дена од денот на неговото објавување во дневните весници.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот (стручен дел и странски јазик) и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основниот граѓански суд Скопје .

 

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

 

Prijava za javen oglas

   


Decision search

Court
Case number
Date
_