С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 01.12.2021 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
62 МАЛВТС-333/21
01.12.2021 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен пред овој суд по тужбата на тужителот Друштво за промет, производство и увоз-извоз ФОТОТРАНСАКТА-БИОХЕМИКАЛ ДООЕЛ Скопје, против тужените 1.Друштво за туризам, консалтинг, услуги и трговија ПЛАНЕТ ТРАВЕЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и 2.Роберт Ивановски од Скопје, за враќање на парични средства, вредност на спорот 142.350,00 денари, во текот на постапката првотужениот Друштво за туризам, консалтинг, услуги и трговија ПЛАНЕТ ТРАВЕЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла покана за одговор на тужба и тужба со докази од 16.11.2021 година. По истекот на рокот од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла, ќе се смета дека доставата е уредно извршена до првотужениот Друштво за туризам, консалтинг, услуги и трговија ПЛАНЕТ ТРАВЕЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Одговорен работник,