СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Новости  |  03.9.2019
Почитувани, Основниот граѓански суд Скопје, на ден 03.09.2019 година, беше посетен од страна на 55 судии претставници од Хрватското здружение на судиите – филијала Вараждин и Загреб 2. Средбата се одржа во свечената сала на Врховен суд на Република Северна Македонија и на истата присуствуваа Заменик претседателот на Основниот граѓански суд Скопје - Наталија Донева (Претседател на Оддел трговски спорови, стечај и ликвидација) и судиите Антоанета Димовска (Претседател на Оддел за имотни спорови, спорови од мала вредност и семејни спорови), Ирена Костадинова Ангеловска (Претседател на Оддел за оставински и вонпарнични предмети) и судија Александра Палашевска од Одделот за работни спорови.

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е Д О Ј А В Н О С Т А

 

 

 

Почитувани,

 

Основниот граѓански суд Скопје, на ден 03.09.2019 година, беше посетен од страна на 55 судии претставници од Хрватското здружение на судиите – филијала Вараждин и Загреб 2. Средбата се одржа во свечената сала на Врховен суд на Република Северна Македонија и на истата присуствуваа Заменик претседателот на Основниот граѓански суд Скопје - Наталија Донева (Претседател на Оддел трговски спорови, стечај и ликвидација) и судиите Антоанета Димовска (Претседател на Оддел за имотни спорови, спорови од мала вредност и семејни спорови), Ирена Костадинова Ангеловска (Претседател на Оддел за оставински и вонпарнични предмети) и судија Александра Палашевска од Одделот за работни спорови.

 

На средбата Заменик претседателот на судот – Наталија Донева ги поздрави во име на ВД Претседателот на судот – Ilir Sulejmani присутните судии, претставници на Хрватското здружение на судиите и ги запозна со внатрешната организација, надлежноста и функционирањето на Основниот граѓански суд Скопје, како и со работењето и видовите на предметите што се решаваат во Одделот за трговски спорови, стечај и ликвидација. Потоа, секој од судиите даде краток осврт за работењето на својот Оддел, видот на предметите, постапката, бројот на новопримени предмети, предмети во работа и решени предмети, како и со други работи кои се од значење за правилно и ефикасно функционирање на Одделите во судот.

 

По дискусијата и размената на искуствата по однос на работата и функционирањето на судовите во двете држави, средбата заврши со искажување взаемна благодарност и задоволство од добрите пријателски односи помеѓу судовите во Република Хрватска и Република Северна Македонија.

 

 

Со почит,

Основен граѓански суд Скопје

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_