СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Новости  |  25.10.2018
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Основниот суд Скопје II Скопје, го одбележа Европскиот ден на граѓанска правда. По повод Европскиот ден за граѓанска правда, Основниот суд Скопје II Скопје, во свечената сала на Врховен суд на Република Македонија, организираше „Отворен ден“, на кој граѓаните имаа можност поблиску да се запознаат со своите конвенционални права и со начинот на нивното остварување низ функционирањето на судскиот систем.

            СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

 

           

             Основниот суд Скопје II Скопје, го одбележа Европскиот ден на граѓанска правда. 

 

            По повод Европскиот ден за граѓанска правда, Основниот суд Скопје II Скопје, во свечената сала на Врховен суд на Република Македонија, организираше „Отворен ден“, на кој граѓаните имаа можност поблиску да се запознаат со своите конвенционални права и со начинот на нивното остварување низ функционирањето на судскиот систем.

 

            Со поздравно обраќање настанот го отвори г-дин Илир Сулејмани – Претседател на Основниот суд Скопје II Скопје, кој особено ја нагласи вредноста за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда, потребата за проактивен  однос на судството со граѓаните и важноста на правната сигурност и стабилноста што ги носи доброто функционирање на граѓанската правда.

            Пред присутните граѓани свои излагања имаа и г-ѓа Антоанета Димовска – судија во Основен суд Скопје 2 Скопје, г-дин Иџет Мемети – Народен правобранител на РМ, г-ѓа Жана Кузмановска – Адвокат и член на Управен одбор  на Адвокатска комора на РМ, г-дин Ацо Петров – Претседател на Комора на стечајни управници, г-ѓа Олга Димовска – Потпретседател на Нотарска комора на РМ и г-дин Зоран Димов – Претседател на Комора на извршители на РМ, кои поблиску ги запознаа граѓаните со нивните права и со начинот на нивното остварување во судските постапки, притоа давајќи детална експликација за функционирањето на целокупниот судски систем во Република Македонија. 

 

            Модератор на настанот беше Советник – Портпаролот на Основниот суд Скопје II Скопје -  д-р Сања Томиќ Велкоски.

 

            Програмата продолжи со студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кои по повод Европскиот ден на граѓанска правда беа поканети да ги следат закажаните рочишта во судот.

 

            Основниот суд Скопје II Скопје, изразува благодарност до учесниците за нивната прагматична и ефикасна соработка во реализацијата на настанот. Сметаме дека одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда е извонредна активност што ќе придонесе кон враќање на довербата на граѓаните во судскиот систем и кон промена на постоечкиот пејсаж за правдата во годините што следат.

 

 

                                                                                         Со почит,

                                                                        Основен суд Скопје II Скопје

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_