С О О П Ш Т Е Н И Е
Вести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 22.07.2025 година
Симнато од огласна табла на 31.07.2025 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
61 ТС1-141/25
22.07.2025 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен пред овој суд по тужба на тужителот РСМ - Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Скопје, против тужениот Друштво за производство, трговија и услуги АКВА Д.Н.Д. ДОО увоз-извоз с.Никуљане, Старо Нагоричане, за долг, вредност на спорот 789.600,00 денари, во текот на постапката, тужениот Друштво за производство, трговија и услуги АКВА Д.Н.Д. ДОО увоз-извоз с.Никуљане, Старо Нагоричане не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето до тужениот да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла покана за одговор на тужба и тужба со докази од 02.06.2025 година. По истекот на рок од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена до тужениот Друштво за производство, трговија и услуги АКВА Д.Н.Д. ДОО увоз-извоз с.Никуљане, Старо Нагоричане.
Одговорен работник,