С О О П Ш Т Е Н И Е
Вести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Известување во врска со јавен оглас број 2/2022
Соопштенија за јавност 17.3.2023
Соопштение за денот и часот на одржување на испитот за судски службеник по јавен оглас 2/2022.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДЕНОТ И ЧАСОТ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ВТОРАТА ФАЗА ОД СЕЛЕКЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Се известуваат кандидатите кои ја поминале административаната селекција за работното место Раководител на оддел- 2 извршители , категорија Б, ниво Б-4, шифра СУД0101Б04001, (точка 1 од огласот бр.2/2022), Помлад судски соработник -3 извршители категорија В, ниво В-4, шифра СУД0101В04001, (точка 2 од огласот бр. 2/2022), Помлад судски референт-записничар- 1 извршител, категорија Г, ниво Г-4, шифра СУД0101Г04001 (точка 3 од огласот бр. 2/2022 ) дека втората фаза од селекцијата за вработување, односно испитот за судски службеник и тоа стручниот дел и делот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) ќе се одржи на ден 22.03.2023 година (среда) за работно место Раководител на оддел и Помлад судски референт-записничар со почеток во 09:00 часот во Основен граѓански суд Скопје , за работно место Помлад судски соработник со почеток во 12,00 часот во Основен граѓански суд Скопје.
Базата на прашања за стручниот испит и за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) е објавена на веб страната на судот
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
Комисија за селекција за вработување
по јавен оглас бр.2/2022