ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА РОЧИШТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА РОЧИШТА

Новости  |  17.3.2020
Република Северна Македонија                                       Republika e Maqedonisë së Veriut

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ                                              GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP​

                 СУ-03-369/20                                                                                         AGJ-03-369/20​

              17.03.2020 година                                                                                   viti 17.03.2020​

                    С к о п ј е                                                                                                Sh k u ​p

 

 
                                                                   И З В Е С Т У В А Њ Е
 
 
 
Почитувани,
 
Согласно заклучоците на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведување на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста КОВИД-19 (корона вирус), препораките од Министерството за здравство, барањето за воведување на мерки на претпазливост и заштита од корона вирусот во правосудниот систем од Адвокатската комора на Република Северна Македонија под број 03-281 од 15.03.2020 година, заклучокот на Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Северна Македонија донесен на XXXVI-та седница одржана на ден 16.03.2020 година, како и одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19 донесена од Судскиот совет на Република Северна Македонија  под број 02-606/1 од 17.03.2020 година, Основен граѓански суд Скопје ВЕ ИЗВЕСТУВА дека, сметано од 17.03.2020 година до следно известување, СЕ ОДЛОЖУВААТ закажаните рочишта по предметите на Основен граѓански суд Скопје, со исклучок на рочиштата и дејствијата по: предмети за примена на времени мерки; спорови за објавување на исправка на објавена информација; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитувањето и заштитата на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон; регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови, кои се сметаат за итни во смисла на член 72 став 2 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ број 58/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и „Службен весник на РСМ“ број 96/19).
 
За денот и часот на одржување на сите одложени рочишта странките ќе бидат дополнително известени со доставување на покана од страна на судијата кој постапува по секој поединечен предмет.
 
Со оглед на наведеното, нема да биде дозволен влез на неслужбени лица во просториите на Основен граѓански суд Скопје, освен на лица со уредна покана и претходна најава, поради присуство во судот во врска со означениот вид на предмети од итна природа.
 
Контролата и легитимирањето на лицата на влезовите во Основен граѓански суд Скопје ќе ја вршат припадниците на судската полиција вработени во Основен граѓански суд Скопје согласно правилата на службата, коишто по извршената безбедносна проверка ќе ги упатуваат лицата во соодветните простории на судот.
 
Се укажува на лицата кои е потребно да присуствуваат во судот во врска со предметите од итна природа самите да обезбедат соодветна заштита опрема, со оглед дека Основен граѓански суд Скопје врз основа на расположливите средства во овој момент не е во можност истата да ја обезбеди и за странките во постапките, а на лицата за кои не е неопходно им се укажува да не доаѓаат без оправдана причина во судот.
 
Основен граѓански суд Скопје укажува дека ваквите мерки се неопходни за заштита на здравјето и животот на граѓаните, во околности кога заштитата, почитувањето и унапредувањето на човековите права и основни слободи претставува  една од целите и функциите на судската власт, а имајќи ги предвид обемот на надлежност и на работа на Основен граѓански суд Скопје, како и големиот број на судски предмети, што доведува до зголемена фреквенција на луѓе во судот.
 
Воедно, напоменуваме дека Основен граѓански суд Скопје и понатаму ќе ја извршува функцијата како сервис на граѓаните на Република Северна Македонија, поради што упатуваме апел во означениот период да се користат алтернативните начини на комуникација со судот, по пошта и/или по електронски пат.
 
Со почит,
 
 
 
                                                                                                                     ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
                                                                                                                                         ПРЕТСЕДАТЕЛ,
                                                                                                                                         ILIR SULEJMANI

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_