ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2019 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2019

Новости  |  21.6.2019
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ објавува ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2019 за вработување на 1 (еден) судски службеник на неопределено време

Врз основа на член 17 став 1, член 20 став 1 алинеја 1 и член 25 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 33/15, 98/15, 06/16, 198/18 и 248/18) и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 236/18)

 

 

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

 

објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2019

 

за вработување на 1 (еден) судски службеник на неопределено време

 

 за следното работно место:

 

 

  1. Категорија А, ниво А-2,  Судски администратор -  1 (еден)  извршител;

 

                Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот граѓански суд Скопје:

 

                Стручни квалификации:

 

- најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен -  Правен факултет и положен правосуден испит

 

                Работно искуство:

 

                -  најмалку шест години работно искуство во струката по положен правосуден испит

 

                Посебни работни компетенции:

 

                - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

 

                - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) и

 

                - други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 9 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 33/15, 98/15, 06/16, 198/18 и 248/18).

 

                Дневно работно време 8 (осум) часа од 07:30 до 15:30 часот; дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; неделно работно време 40 часа; работни денови од понеделник до петок; основна нето плата 38.599,00 денари.

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во  Законот за судска служба и Правилникот за систематизација на работните места во Основниот граѓански суд Скопје, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на судските службеници, утврдени во член 21 став 1 од Законот за судска служба, и тоа: да е државјанин на Република Северна Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Кандидатите се должни да поднесат пополнета пријава (образец објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 236/18) по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ, бул.„Гоце Делчев“ бр.4, 1000 Скопје (со назнака за оглас бр.2/2019) или преку приемното одделение на Основниот граѓански суд Скопје. Пријавите за вработување може да се подигнат и во  приемното одделение во Основниот граѓански суд Скопје, секој работен ден од 08,30 до 14,30 часот.

 

                 Кон пријавата кандидатите се должни, во оригинал или во форма на копии заверени кај нотар, да ги достават доказите утврдени во членот 26 став 2 и став 3 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 33/15, 98/15, 06/16, 198/18 и 248/18), како и лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место и потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

                Рокот за пријавување на јавниот оглас  изнесува 15 (петнаесет) дена од денот на неговото објавување во дневните весници.

 

 Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основниот граѓански суд Скопје.

 

 

                                                                                                             ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_