ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – 1/21
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – 1/21
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP
СУ- 04-7/21 Agj- 04-7/21
15.01.2021 година viti 15.01.2021
СКОПЈЕ SHKUP
Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (Пречистен текст, „Сл. Весник на РМ“ бр. 27/16, 120/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр.110/19 и 267/20) вв. член 3,член 11 и член 12, член 18 ст.1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 33/15,98/15,06/16,198/18 и 248/18), како и член 5,21,25,26,45,47,55 и 56 од Правилникот за систематизација на работните места во судот
ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – 1/21
на седумнаесет (17) лицa на определено време за работните места:
1. Судски соработник-категорија В3 -5 (пет) извршители;
Посебни услови
Стручни квалификации: најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 правен факултет и положен правосуден испит.
Работно искуство: најмалку една година работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 25.540,00 денари.
Времетраење на работниот однос:определено до 31.12.2021 година.
2. Помлад судски соработник - категорија В4 - 4 (четири) извршители;
Посебни услови
Стручни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 24.181,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2021 година.
3. Помлад соработник - преведувач - категорија В4 - 1 (еден) извршител;
Посебни услови
Стручни квалификации: стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 24.181,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2021 година.
4. Помлад судски референт - извршител во писарница - категорија Г4- 1 (еден) извршител;
Посебни услови
Стручни квалификации: најмалку више или средно образование.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 15.823,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2021 година.
5. Помлад судски референт-записничар - категорија Г4- 3 (три) извршители;
Посебни услови
Стручни квалификации: најмалку више или средно образование.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 15.823,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2021 година.
6. Одржувач на хигиена - 2 (два) извршители;
Посебни услови
Стручни квалификации: средно или основно образование.
Работно искуство: со или без работно искуство
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 14.983 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2021 година.
7. Возач - 1 (еден) извршител;
Посебни услови
Стручни квалификации:
- најмалку средно образование;
- да поседува возачка дозвола „Б“ категорија подолго од една година.
Работно искуство: со или без работно искуство.
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 15.567,00 денари.
Времетраење на работниот однос:определено до 31.12.2021 година.
Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба: да е државјанин на Република Северна Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-меил адреса и контакт телефон.
Рокот за поднесување на молбите изнесува пет (5) работни дена од денот на објавувањето на огласот.
Пополнетите молби и доказите кандидатите се должни да ги достават во Основниот граѓански суд Скопје, на одделението за прием, секој работен ден или по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ бул. Гоце Делчев бр. 4, 1000 Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување –1/21).
Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ