СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
По повод објавите во електронските медиуми за работењето на Основниот граѓански суд Скопје во врска со регистрација на политичка партија за учество на локални избори, а заради доследно почитување на принципот на јавност и транспарентност, Основниот граѓански суд Скопје го дава следното:
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Пред Основниот граѓански суд Скопје не е поднесено барање и не е оформен судски предмет во врска со регистрација на политичка партија за учество на претстојните локални избори од страна на независни кандидати. Во таа смисла, Основниот граѓански суд Скопје во целост ги отфрла како апсолутно неосновани и непоткрепени со факти, изнесените објави во медиумите дека судот работи незаконски и ја блокира регистрацијата на политичката партија поради непризнавање на електронски издадени државјанства за регистрирање на партија. Основниот граѓански суд Скопје исклучиво и единствено постапува врз основа на Уставот, ратификуваните меѓународни договори и законските и подзаконските прописи, притоа доследно почитувајќи ги ставовите и практиките изразени во јуриспруденцијата на Европскиот суд за човековите права и слободи. Во рамките на начелото на владеењето на правото, Основниот граѓански суд Скопје ги штити правата на граѓаните и во никој случај не блокира остварување на права, затоа што правото на пристап до суд и остварувањето на правата во судска постапка е уставно и меѓународно признато право. Откако ќе биде поднесено барање за регистрација на политичка партија и оформен судски предмет, Основниот граѓански суд Скопје ќе постапува согласно со позитивните законски прописи и согласно со принципот на владеење на правото.
Со почит,