ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – 1/23
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – 1/23
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP
СУ- 04- 42/23 Agj- 04-42/23
15.03.2023 година viti 15.03.2023
СКОПЈЕ SHKUP
Врз основа на член 23 од Законот за работните односи (Пречистен текст, „Сл. Весник на РМ“ бр. 27/16, 120/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр.110/19 и 267/20) вв. член 3, член 18 ст.1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба („Сл. весник на РМ“ бр. 43/14, 33/15,98/15,06/16,198/18 и 248/18), како и член 5 и 55 од Правилникот за систематизација на работните места во судот
ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – 1/23
на две (2) лицa на определено време за работното место
1. Одржувач на хигиена - 2 (два) извршители;
Посебни услови
Стручни квалификации: средно или основно образование
Работно искуство: со или без работно искуство
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 18.103,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2023 година.
Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба: да е државјанин на Република Северна Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-меил адреса и контакт телефон.
Рокот за поднесување на молбите изнесува пет (5) работни дена од денот на објавувањето на огласот.
Пополнетите молби и доказите кандидатите се должни да ги достават во Основниот граѓански суд Скопје, на одделението за прием, секој работен ден или по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ бул. Гоце Делчев бр. 4, 1000 Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување на определено време –1/23).
Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ