ПОЈАСНУВАЊЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ПОЈАСНУВАЊЕ

Новости  |  13.3.2020

 

ПОЈАСНУВАЊЕ

 

Во врска со написите во некои медиуми дека рочиштата во Основниот граѓански суд Скопје се одлагаат поради превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Ве известуваме за следното:

Не се точни наводите дека рочиштата во овој суд се одлагаат поради превенција од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус). Имено, во овој суд се одлагаат само оние рочишта  каде од страна на странката е даден предлог за одлагање, односно за кои одлагањето е предвидено согласно одредбите од Законот за парнична постапка, како и оние рочишта, кај оние судии кои се опфатени со мерките на Владата на Република Северна Македонија за времено ослободување од работа и работни обврски. Во моментов во судот се одлагаат рочиштата само на вкупно 12 судии и тоа: на четворица судии кои се во самоизолација поради патување во странство, на тројца судии кои се хронично болни и на петмина судии кои ја користат мерката за ослободување од работни обврски на родител на дете до 10 години.

Основниот граѓански суд Скопје во целост ги применува Заклучоците од Владата на Република Северна Македонија за спроведување на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус) и истите ќе ги применува се до донесување на нови мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија.

 

                                                                                    Со почит,

                                                            Основен граѓански суд Скопје

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_