ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер)

Новости  |  13.1.2020
Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл.весник на Р.М. бр.101/19 ), Основниот граѓански суд Скопје, со седиште на бул. „Гоце Делчев“ број 4 Скопје, контакт телефон 02/3120171, факс 02/5115-382, маил: osnovensudskopje2@osskopje2.mk и portparol@osskopje2.mk, преку Претседателот на судот Илир Сулејмани и службено лице на имателот на информациите Сања Томиќ Велкоски, го подготви следниот ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (од 01.01.2019 до 31.12.2019)

 


Република Северна Македонија
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
СПИ.бр.1/20
02.01.2020 година
С к о п ј е


Republika e Maqedonisë së Veriut
GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP
SPI.nr.1/20
viti 02.01.2020
S h k u p

 

 

Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл.весник на Р.М. бр.101/19 ), Основниот граѓански суд Скопје, со седиште на бул. „Гоце Делчев“ број 4 Скопје, контакт телефон 02/3120171, факс 02/5115-382, маил: osnovensudskopje2@osskopje2.mk и portparol@osskopje2.mk, преку Претседателот на судот Илир Сулејмани и службено лице на имателот на информациите Сања Томиќ Велкоски, го подготви следниот

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

(од 01.01.2019 до 31.12.2019)

 

 

1. Податоци за службеното/те лице/а задолжено/и за посредување на информации кај имателите на информации;

 

 

Со Одлука 02.Су.бр.1/20 од 08.01.2020 година на овој суд, лицето Сања Томиќ Велкоски, вработена во судската служба, со звање Советник, распоредена на работно место Советник – Портпарол е определена за службено лице задолжено за посредување со информации од јавен карактер. Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката 02.СУ.бр.72/2014 од 21.05.2014 година, донесена согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ број 13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014).

 

По однос на податоците поврзани со службеното лице за посредување со информации од јавен карактер, нема промени.

 

Промени има по однос на називот на Судот, односно Основниот суд Скопје II Скопје со Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Службен весник на РСМ бр.96 од 17.05.2019 година) е преименуван во Основен граѓански суд Скопје.

 

 

2.Број на поднесени барања;

 

Во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година до Основниот граѓански суд Скопје се поднесени вкупно 41 (четириесет и едно) барањa за слободен пристап до информации од јавен карактер, од кои: 26 (дваесет и шест) писмени барања, 15 (петнаесет) барања поднесени по електронски пат и нема барања поднесени по усмен пат.

 

3.Број на позитивно одговорени барања;

 

Од вкупниот број на поднесени барања во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година по сите барања 41 (четириесет и едно) е постапено, а во 38 (триесет и осум) случаи позитивно е одговорено и на барателите им е дадена побараната информација од јавен карактер.

 

Имено, во 2 (два) случаи Барателот се откажал од своето барање и не барал изготвување на формален управен акт, по што следуваше постапката да се запре со службена белешка и предметот да се архивира. По едно барање, односно од неговата содржина произлегува дека воопшто не претставува Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку обично барање насловено до судијата кој постапува по предметот. По едно барање Барателот е известен дека веќе му е позитивно одговорено на исто или слично барање и тоа во рок од шест месеци пред денот на приемот на барањето, поради што следуваше овој суд да постапи согласно член 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Еден допис во уписникот за слободен пристап до информации од јавен карактер е заведен како одговор на жалба Решение бр.08-248 од 13.02.2019 година, примено и заведено во судот на ден 12.03.2019 година и по истиот е постапено од стана на овој суд и на Барателот му се доставени бараните информации. Истовремено, 2 (две) барања, во дел се препратени на надлежност, согласно член 18 од ЗСПИЈК и Барателите се известени во законски предвидениот рок.

 

Во текот на 2019 година, не се поднесени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер по усмен пат. Во 2019 година, евидентно е намалување на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер во однос на 2018 година.

 

Инаку, погоренаведените барања се поднесени од страна на физички и правни лица, како и од здруженија на граѓани и невладини организации или преку нивни ополномоштени лица и адвокати. Со цел за постигнување позитивни резултати од страна на овој суд како Имател на информации од јавен карактер доследно се применува и спроведува ЗСПИЈК.

 

 

4.Број на одбиени и отфрлени барања со наведување на причините за секое одбиено барање;

 

    • Нема такви случаи.

  •  

5.Број на вложени жалби против првостепени одлуки (решенија на имателите на информации, со опис на одлуката како и со наведување на причините за донесената одлука во случај на повторно одбивање на бараната информација;

 

- Има вложено жалба против едно Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Овој суд постапи по Решение бр.08-248 од 13.02.2019 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, примено и заведено во судот на ден 12.03.2019 година и не поведе управен спор и покрај тоа што Жалбата изјавена од Барателот Зоран Ѓорѓиевски од Скопје против Основниот суд Скопје II Скопје е поднесена на 13.06.2018 година, а Решението бр.08-248 е донесено на седница на 13.02.2019 година, односно 8 месеци по изјавувањето на жалбата, што е спротивно на член 28 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, каде е наведено дека Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер решава по жалбата на Барателот во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата.

 

Наведеното од причини што предметното барање навистина било поднесено во судот на ден 03.05.2018 година, поконкретно во Одделот за трговски спорови, стечај и ликвидација и истото од страна на судските служби е проследено директно до судечкиот судија кој постапувал по предметот, согласно член 144 од ЗПП и член 93 од Судскиот деловник. Во овој контекст, напоменуваме дека предметното барање воопшто не е доставено до Претседателот на судот како одговорно лице – имател на информации од јавен карактер, ниту пак до службеното лице за посредување со информации од јавен карактер, ниту пак истите имале сознанија за доставеното барање во Одделот за трговски спорови, стечај и ликвидација, се до 12.03.2019 година, кога од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации е доставено Решението бр.08-248 од 13.02.2019 година, со кое му се наложува на судот да постапи по барањето поднесено од Барателот Зоран Ѓорѓиевски од Скопје.

 

  •  

    6. Број на усвоени жалби со одлука на Агенцијата;

      1.  

- Една усвоена жалба, погоре образложена.

 

  • 7.Број на преиначени првостепени одлуки по постапување на Агенцијата;

      1.  

    • нема такви случаи;

       

      8.Број на одбиени жалби од Агенцијата и причини за нивно одбивање;

      1.  

    • нема такви случаи;

       

      9.Број на отфрлени жалби од Агенцијата и причини за нивно отфрлање;

       

    • нема такви случаи;

       

      10.Број на неодговорени барања;

 

    • нема такви случаи;

  •  

Скопје, 13.01.2019 година Претседател на судот,

Ilir Sulejmani

 

 

Службено лице за посредување

со информации од јавен карактер

Д-р Сања Томиќ Велкоски

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_