ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2021

Новости  |  01.12.2021
Врз основа на член 17 став 1, член 20 став 1 алинеја 1 и чл. 25 од Законот за судска служба („Сл. весник на РМ“ број 43/14,33/15, 98/15,06/16,198/18 и 248/18) и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл. весник на РМ“ број 236/ 18)

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА                                           REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ                                            GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP

СУ- 04-177/ 21                                                                                     Agj- 04-177/21

30.11.2021  година                                                                               viti 30.11.2021 

СКОПЈЕ                                                                                                  SHKUP

 

            Врз основа на член 17 став 1, член 20 став 1 алинеја 1 и чл. 25 од Законот за судска служба („Сл. весник на РМ“ број 43/14,33/15, 98/15,06/16,198/18 и 248/18) и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл. весник на РМ“ број 236/ 18)

 

ОСНОВНИОТ  ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 2/2021

за вработување на неопределено време на 5 (пет) судски службеници за  следните работни места:

 

            1. Шифра СУД0101В04002 Категорија В, ниво В-4, Помлад судски соработник - 3 извршители                                                                                     

 

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во судот:

-  Најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет

- Со или без работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

Дневно работно време 8 (осум) часа од 07:30 до 15:30 часот; дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; неделно работно време 40 часа; работни денови од понеделник до петок; основна нето плата  24.181,00 денари;

 

 

            2. Шифра СУД0101Г01001, Категорија Г, ниво Г-1, Самостоен судски референт- водител на писарница - 1 извршител                                                                                     

 

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во судот:

-  Најмалку више или средно образование

  - Најмалку три години работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

Дневно работно време 8 (осум) часа од 07:30 до 15:30 часот; дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; неделно работно време 40 часа; работни денови од понеделник до петок; основна нето плата  19.031,00 денари;

 

            3. Шифра СУД0101Г02001, Категорија Г, ниво Г-2, Виш судски референт- архивар  - 1 извршител   

                                                                                   

Посебни услови за работното место утврдени во Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во судот:

Најмалку више или средно образование

- Најмалку две години работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

Дневно работно време 8 (осум) часа од 07:30 до 15:30 часот; дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот; неделно работно време 40 часа; работни денови од понеделник до петок; основна нето плата 18.101,00 денари;

 

           

Покрај наведените посебни услови, предвидени во  Законот за судска служба  и Правилникот за систематизација на работните места во судот, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на судските службеници, утврдени во член 21 став 1 од Законот за судска служба, и тоа: да е државјанин на Република Северна Македонија,активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Кандидатите се должни да поднесат пополнета пријава (образец објавен во „Сл. весник на РМ“ број 236/18) по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ бул.Гоце Делчев бр.4, 1000 Скопје (со назнака за оглас бр. 2/2021) или преку приемното одделение на Основниот граѓански суд Скопје. Пријавите за вработување може да се подигнат и во  приемното одделение  во Основниот граѓански суд Скопје, секој работен ден од 08,30 до 14,00 часот.

 

            Кон пријавата кандидатите се должни, во оригинал или во форма на копии заверени кај нотар, да ги достават доказите утврдени во членот 26 став 2 и став 3 од Законот за судска служба („Сл. весник на РМ“ број 43/14, 33/15, 98/15, 06/16, 198/18 и 248/18), како и лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место и потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

            Рокот за пријавување на јавниот оглас  изнесува петнаесет (15) дена од денот на неговото објавување во дневните весници.

 Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот (стручен дел и странски јазик) и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основниот граѓански суд Скопје .

 

                                                                        ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_