С О О П Ш Т Е Н И Е
Вести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 22.4.2025 година
Република Северна Македонија
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за работни односи -
5 РО-889/25
22.04.2025 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен од тужителот Борче Сиљановски, против тужениот Друштво за проектирање, изведување и истражување БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје, во текот на постапката странката/тужениот Друштво за проектирање, изведување и истражување БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла:
- покана за подготвително рочиште закажана за 09.10.2025 година во 11:50 часот.
По истекот на рок од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена.
Одговорен работник,
-----------------------------------------
|
|
Република Северна Македонија |
5.РО-889/25 |
П О К А Н А
за подготвително рочиште
Друштво за проектирање, изведување и истражување БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје, се повикува како тужен, во правната работа на тужителот Борче Сиљановски од Скопје, застапуван од полномошник Мирјана Пешиќ, адвокат од Скопје, против тужениот Друштво за проектирање, изведување и истражување БАЛКАН КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје застапуван од - , основ: испратнина, вредност на спорот: 151.500,00 денари, да дојде на рочиште на 09.10.2025 година, во 11:50 часот, во канцеларија бр.9 на втори кат во Основен граѓански суд Скопје, бул.Гоце Делчев бр.4 Скопје.
СЕ НАЛОЖУВА НА СТРАНКАТА да ги достави сите исправи и предмети кои служат како докази или треба да се разгледаат од судот, како и да ги изнесе сите факати врз кои ги заснова своите наводи.
Овластен службеник,
________________________
Правна поука:
Странките и другите учесници во постапката поднесоците ги доставуваат на македонски јазик и на неговото кирилско писмо, а странките чиј јазик е службен јазик различен од македонскиот и кирилското писмо, поднесоците можат да поднесуваат на нивниот јазик и писмо (чл.95 од ЗПП- пречистен текст);
Доказите од налогот странката е должна да ги достави најдоцна до подготвителното рочиште на кое треба да се изнесат и сите факти врз основ на кои ги засновува своите наводи, да приложи докази со кои ги утврдуваат фактите и да ги приложат сите исправи и предмети кои имаат намера да ги употребат како доказ (чл.271 ст.2 од ЗПП – пречистен текст);
Ако судот не ги усвои предлозите од странката за доказите, странката може своите предлози да ги повтори на главната расправа (чл.275 ст.2 од ЗПП- пречистен текст);
Ако на подготвителното рочиште не дојде тужителот кој е уредно поканет, а изостанокот не го оправда, тужбата ќе се смета за повлечена ако со тоа се согласи тужениот, а ако тужениот не е присутен тужбата ќе се смета за повлечена ако во рок од 8 дена од приемот на известувањето за повлекувањето тужениот не се спротивстави (чл.277 ст.1 од ЗПП пречистен текст );
Странката која е уредно поканета да присуствува на рочиште или пак е известена за превземање на определено дејствие, не се појави пред судот, судот нема натамошна обврска да ја повикува (чл.126 од ЗПП -пречистен текст);
Судот може да одреди главната расправа да се одржи веднаш по подготвителното рочиште (чл.278 ст.3 од ЗПП - пречистен текст).
НАПОМЕНА – СПОРОТ МОЖЕТЕ ДА ГО РЕШИТЕ ВО ПОСТАПКА ЗА МЕДИЈАЦИЈА!