С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 29.03.2024 година
Република Северна Македонија
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за работни односи -
5.РО-4506/23
29.03.2024 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен од тужителот Друштво за производство, трговија и услуги ПАКАП ПК ПРОМ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица, застапуван од полномошник Ѓоко Гажоски, адвокат од Скопје, против тужениот Татјана (Јовановска) Рашид, основ: надомест на материјална штета, вредност на спорот: 150.000,00 денари. Во текот на постапката, странката/ тужениот Татјана (Јовановска) Рашид од Скопје, не го извести судот за промена на адресата на живеалиштето/престојувалиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла:
-тужба со докази, примена во судот на 30.08.2023 година,
-покана за одговор на тужба и
-покана за подготвително рочиште, закажано за 07.05.2024 година во 10:05 часот во судница бр.9 на втори кат во Основен граѓански суд Скопје.
По истекот на рок од 8-осум дена од денот на објавувањето на огласна табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена.
Одговорен работник,
_______________________