СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Risi
|
15 Dhj 2017
Основниот суд Скопје II Скопје, во рамки на досегашната соработка со Академија за судии и јавни обвинители, овозможи реализација на практичниот дел од предавањата согласно Програмата за теоретска настава на Академијата за судии и јавни обвинители.

Во периодот од 12 до 14 декември 2017 година, слушателите на почетната обука во Академија на судии и јавни обвинители, присуствуваа на закажаните расправи со цел запознавање со практичната работа во Основниот суд Скопје II Скопје и стекнување со практични искуства потребни за реализација на нивниот потенцијал во понатамошниот кариерен развој.
Со почит,
Основен суд Скопје II Скопје