С О О П Ш Т Е Н И Е [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

С О О П Ш Т Е Н И Е

Новости  |  11.11.2016
Поради заинтересираноста на медиумот ТВ Телма, во врска со стечајната постапка СТ.бр. – 75/01 - ГАЗЕЛА АД во стечај Скопје, односно во врска со собирот на стечајните работници пред зградата на Основниот суд Скопје 2 Скопје и во врска со наводите на некои од стечајните работници дека не биле примени од страна на судијата, Ве известуваме

Поради заинтересираноста на медиумот ТВ Телма, во врска со стечајната постапка СТ.бр. – 75/01 - ГАЗЕЛА АД во стечај Скопје, односно во врска со собирот на стечајните работници пред зградата на Основниот суд Скопје 2 Скопје и во врска со наводите на некои од стечајните работници дека не биле примени од страна на судијата, Ве известуваме дека и покрај тоа што во позитивната законска регулатива не е предвиден прием на странките кај судиите, истите најмалку два пати месечно биле примани во канцеларијата на судијата кој постапува по предметот СТ.бр. – 75/01 - ГАЗЕЛА АД во стечај Скопје.

Имено, со молба за прием до Претседателот на судот поднесена од страна на ополномоштениот застапник на стечајните работници од ГАЗЕЛА АД во стечај Скопје, примена во кабинетот на Претседателот денес (11.11.2016 година), стечајните работници се известени дека поради неодложни работни обврски на Претседателот на судот, на истите ќе им биде обезбеден прием во кабинетот на Претседателот во текот на следната недела, каде што меѓудругото, ќе им биде објаснет и исходот од предметното побарување кое што треба да биде реализирано.

Истовремено, Ве известуваме и напоменуваме дека стечајната постапка на ГАЗЕЛА АД во стечај Скопје е запрена и заклучена со овластување на стечајниот управник за реализација токму на предметното побарување.

 

Со почит,

Основен суд Скопје 2 Скопје  

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_