С О О П Ш Т Е Н И Е
Вести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 15.04.2025 година
Симнато од огласна табла на 24.04.2025 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
61 ТС1-6/25
15.04.2025 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен пред овој суд по тужбата на тужителот Друштво за производство, трговија и услуги ПАТРОЛ-ЛТД ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, против тужениот Друштво за трговија, производство и услуги ДЕЛУКС АКВАТИК ДОО с.Бразда, Чучер Сандево, Скопје, за долг по основ на позајмица, вредност на спорот 900.000,00 денари, во текот на постапката, тужениот Друштво за трговија,производство и услуги ДЕЛУКС АКВАТИК ДОО с.Бразда, Чучер Сандево, Скопје не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето до тужениот да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла Пресуда од 07.04.2025 година. По истекот на рокот од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла, ќе се смета дека доставата е уредно извршена до тужениот Друштво за трговија,производство и услуги ДЕЛУКС АКВАТИК ДОО с.Бразда, Чучер Сандево, Скопје.
Одговорен работник,