СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Новости  |  25.10.2019
Почитувани, Основниот граѓански суд Скопје и оваа година се приклучи кон одбележување на „Европскиот ден на правдата.“ По повод „Европскиот ден на правдата“, Основниот граѓански суд Скопје организираше „Отворен ден“, во просториите на Судот на кој присуствуваа Заменик претседателот на судот Наталија Донева и Советник – Портпаролот д-р Сања Томиќ Велкоски.

                                   

 

           

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

 

            Почитувани,

 

            Основниот граѓански суд Скопје и оваа година се приклучи кон одбележување на „Европскиот ден на правдата.“

             По повод Европскиот ден на правдата“, Основниот граѓански суд Скопје организираше „Отворен ден“, во просториите на Судот на кој присуствуваа Заменик претседателот на судот Наталија Донева и Советник – Портпаролот д-р Сања Томиќ Велкоски.

            Оваа година, „Европскиот ден на правдата“, освен за граѓаните беше од особено едукативно значење и за  учениците од СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје, како и за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, кои беа поканети да ги следат закажаните рочишта во Судот.

            На настанот Заменик претседателот на судот Наталија Донева и Советник – Портпаролот д-р Сања Томиќ Велкоски ги запознаа присутните со надлежноста, организацијата и функционирањето на Судот, како и со начинот на остварување на нивните права во судските постапки.

           Со цел да се нагласи вредноста на „Европскиот ден на правдата“, пред присутните беше презентиран и годишниот извештај по однос на резултатите од работењето на судот за претходната 2018 година.

            Имено, Основниот граѓански суд Скопје во периодот од 01.01.2018 година, заклучно со 31 декември 2018 година во работа имаше 56.692 предмети. Од нив, 13.020 предмети се пренесени од претходните години, 1636 предмети се повторно во работа, а 76 предмети се погрешно заведени. Од вкупниот број 56.692 предмети во работа, 42.112 се новопримени предмети во текот на 2018 година. Паралелно со новопримените 39.921 предмети во 2017 година, евидентен е пораст, односно зголемување на бројот на новопримени предмети во 2018 година.

            Во текот на 2018 година од вкупниот број 56.692 предмети во работа решени се 44.576 предмети, што е за 1.140 предмети повеќе во однос на 2017 година, кога биле решени 43.436 предмети.

            Анализата на вкупните податоци покажува дека Судот, во текот на извештајната година го совладал приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети од претходните години и тоа со само 64 судии, покрај Претседателот на судот, што е за 13 судии помалку од утврдените 77 судиски места во Основниот граѓански суд Скопје.

          Основниот граѓански суд Скопје, изразува благодарност до присутните на настанот по повод „Европскиот ден на правдата“. Сметаме дека одбележувањето на овој ден придонесува кон уште поголема транспарентност и поекстензивен пристап до правдата за граѓаните и пошироката јавност.

 

                                                                                                      Со почит,

                                                                                    Основен граѓански суд Скопје

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_