С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 20.10.2021 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
62 МАЛВТС-292/21
20.10.2021 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен во овој суд по тужбата на тужителот Друштво за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје, против тужениот Друштво за угостителство, промет и услуги АЛФА АВЕНИЈА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје и 2.Мирјана Тасевска од Скопје, за долг, вредност на спорот 51.731,00 денари, во текот на постапката, првотужениот Друштво за угостителство, промет и услуги АЛФА АВЕНИЈА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла покана за одговор на тужба и тужба со докази од 01.10.2021 година. По истекот на рокот од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла, ќе се смета дека доставата е уредно извршена до првотужениот Друштво за угостителство, промет и услуги АЛФА АВЕНИЈА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.
Одговорен работник,