Соопштение до медиуми [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение до медиуми

Новости  |  28.10.2016
Основниот суд Скопје II Скопје, Ве известува дека во согласност со член 102 од Уставот на Република Македонија, расправата пред судовите и изрекувањето на пресудите се јавни. Јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон.

Почитувани,

Основниот суд Скопје II Скопје, Ве известува дека во согласност со член 102 од Уставот на Република Македонија, расправата пред судовите и изрекувањето на пресудите се јавни. Јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон.

Имено, Основниот суд Скопје II Скопје ги овозможува потребните услови за јавност на работата на судот и соодветен пристап на медиумите, за актуелните информации и постапки кои се водат во судот, водејќи сметка за интересите на постапката, приватноста и безбедноста на учесниците во постапката. Судот дава информации за јавноста, водејќи сметка за тоа да не се наруши угледот, чeста и достоинството на личноста, односно независноста и самостојноста на судот. He се соопштуваат класифицираните информации со соодветен степен на тајност согласно закон, како и информации кои преставуваат исклучоци од слободен пристап до информации, предвидени во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во текот на парничната постапка, согласно член 293 од Законот за парнична постапка, судот може да ја исклучи јавноста за целата главна расправа или за еден нејзин дел, ако тоа го бараат интересите за чувањето на службена, деловна или лична тајна, интересите на јавниот ред или причините на моралот. Судот може да ја исклучи јавноста и во случај кога со мерките за одржување на редот предвидени во Законот за парнична постапка не би можело да се обезбеди непречено одржување на расправата. Јавноста е исклучена во споровите со основ развод, утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, доделување на дете, издршка на дете, семејно насилство и слично.

Судиите и судските службеници кои писмено или усно искажуваат мислења во свое име пред медиуми за правни, општествени и други прашања во врска со одделни случаи од судската практика, должни се да истакнат дека го изнесуваат сопственото мислење.

Новинарите-известувачи и граѓаните можат да присуствуваат на јавните рочишта пред судовите без обврска претходно да имаат одобрение од судот. Судот обезбедува услови за нивното присуство и работа. Визуелното (видео) и звучното (аудио) снимање, известување и фотографирање во парничната постапка може да се врши по одобрение на претседателот на судот, со претходно прибавено мислење на судијата кој постапува пo предметот и со писмена согласност на странките. Надвор од судењето, снимањето и фотографирањето во зградата на судот може да се врши со одобрение на претседателот на судот кој раководи со зградата.

Претседателот на судот врз основа на поднесено писмено барање дава одобрение за снимање или фотографирање во конкретиот предмет. Барањето мора да се поднесе во рок од пет дена пред закажаното рочиште. Ненавременото барање нема да биде отфрлено ако се оправдани причините за доцнењето. Барањето содржи: назначување на бројот на предмет за кој се бара одобрение; назив на јавното гласило (медиумската куќа); имињата и составот на екипите за известување (снимателот, фотографот, асистентот и други); опис на техничката опрема што се внесува во судницата и планираниот начин на следење (видео, аудио, фото и друго); назначување на терминот во кој би се извршило снимањето на точно одредено судење или на учесникот во постапката надвор од судењето во судската зграда.

При донесувањето на одлука за давање одобрение за снимање и фотографирање се води сметка за интересот и довербата на јавноста, природата на случајот, интересот на постапката, приватноста и безбедноста на учесниците во постапката. Снимањето и фотографирањето се одвива под надзор на судијата, односно претседателот на советот на начин со кој се обезбедува непречен тек на постапката, ред во судницата и почитување на достоинството на судот. Снимањето и фотографирањето во судот може да се прекине или ограничи: по барање на странките, a пo одлука на судот во било кое време; ако со одлука на судот е исклучена јавноста за дел од постапката или за одредено процесно дејствие, поради постоење на законски причини; и ако судот најде дека некој учесник во постапката би можел да биде изложен на опасност, срам, настанување на штета или би можеле да настанат пречки во примената на законските мерки на принуда или ако поради природата на доказите што треба да се изведат тоа е задолжително (малолетници и др.)

На медиумската куќа што поднела барање за одобрение за медиумско следење на судење, може да и се дозволи да внесе едно видео или ТВ-камера, еден аудио систем и два фотоапарати (најмногу со два објектива), со тоа што секоја од наведените техники ја користи пo едно лице. Снимателите и фоторепортерите не смеат во текот на снимањето да се движат, да прават движења или да заземаат положба која може да го одвлече вниманието или да го наруши редот во судницата. Микрофоните и соодветната инсталација се монтираат претходно на местото кое го одредува судијата. Микрофоните мора да имаат прекинувач за привремено исклучување. Снимателската и другата опрема (мобилните телефони, компјутерите) не смеат да произведуваат ефекти коишто го одвлекуваат вниманието. Опремата не може да се внесува или изнесува од судницата без одобрение на судијата или претседателот на советот.

Судот може да го определи начинот на работа и известувањето во затворен систем од страна на интерна телевизија, со цел да се овозможи слободен пристап и преземање на видео и тонските записи (слики, тон, глас). Ако издавањето на копии значи материјален трошок за судот, тоа ќе го надомести барателот на одобрението. Фотографирањето, снимањето во судот и јавното прикажување може да се изврши врз основа на претходно прибавено писмено одобрение на претседателот на судот. Фотографирањето и видео снимањето во зграда вон текот на судската постапка го одобрува претседателот кој управува со зградата во која се наоѓаат судските простории. Фотографирањето во текот на судењето и јавното објавување на фотографиите го одобрува претседателот на советот или судијата. При давањето на одобрението за фотографирање и снимање се води сметка за интересирањето на јавноста, интересите на постапката, приватноста и безбедноста на учесниците во постапката. Фотографирањето и снимањето во судницата, по прибавеното одобрение, се одвива под водство на претседателот на советот и судиите, на начин кој обезбедува непречен тек на судењето и овозможува ред во судницата

Следствено на наведеното, информациите за медиумското известување треба да бидат точни и објективни и во согласност со правата на инволвираните лица во постапките предвидени и гарантирани со Европската конвенција за човекови права, Уставот на Република Македонија и позитивната законска регулатива. Сугерирање и прејудицирање на судски одлуки, како и остри критики кон работата на судот, би можела да се смета како влијание врз работата и независноста на овој Суд.

 

Со почит,

Основен суд Скопје II Скопје


 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_