С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
01.11.2024 година
Основниот граѓански суд Скопје со средното училиште СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ Скопје, склучи МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА, за учебната 2024/2025 година, за реализација на „УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА КАЈ РАБОТОДАВАЧ“ како Наставна обрзаовна програма донесена од страна на Министерството за образование и наука. Со овој Меморандум двете страни се обврзаа учениците од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ Скопје да спроведат практична настава и обука, за ученици од профилот правен техничар.
Во рамките на имплементација на Меморандумот за соработка, учениците ќе бидат запознаени со организацијата, делокругот на работата и надлежностите на судот. Целта на Меморандумот е овозможување и реализација на активности поврзани со можности на стекнување на практични знаења на учениците, едукација, образование, усовршување на способности, низ призмата на праксата со конкретни предмети да имаат можност да се информираат за работењето на судот.
Реализацијата на Меморандумот за соработка е и еден од начините за одржување и унапредување на транспарентноста на судот, преку непосредна соработка на вработените со учениците за реализација на пракса и стекнување со практични знаења во рамките на делокругот на работа во Основниот граѓански суд Скопје.
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ