Јавен Оглас [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен Оглас

Новости  |  06.6.2018
Ј А В Е Н О Г Л А С Основниот суд Скопје II - Скопје ќе му предложи на Судскиот совет на Република Македонија кандидати за избор на 50 (педесет) судии-поротници за време од 4 години. Кандидатите кои ќе се пријават за избор на судии-поротници треба да ги исполнуваат условите предвидени во погоре наведените законски одредби од Законот за судовите, дека за судија поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.

 

Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006, 35/2008, 150/10 и 83/18), како и член 46 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 60/2006, 150/10, 100/11, 20/15, 61/15, 197/17 и 83/18),

 

ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ

објавува

Ј А В Е Н  О Г Л А С

 

            Основниот суд Скопје II - Скопје ќе му предложи на Судскиот совет на Република Македонија кандидати за избор на 50 (педесет) судии-поротници за време од 4 години.

 

Кандидатите кои ќе се пријават за избор на судии-поротници треба да ги исполнуваат условите предвидени во погоре наведените законски одредби од Законот за судовите, дека за судија поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.

 

Притоа, за судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во Основниот суд Скопје II - Скопје е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

Исто така, за судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

Кон пријавата задолжително се приложуваат сите подолунаведени документи, во оригинал или во форма на копии заверени на нотар:

- уверение за државјанство на Република Македонија;

- уверение за завршен соодветен степен на образование;

- уверение дека не е осудуван и

- изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија-поротник во Основниот суд Скопје II - Скопје и со член на Судскиот совет на Република Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

Рокот за пријавување на лицата на јавниот оглас е петнаесет (15) дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

 

Пријавите со погоренаведената документација кандидатите ги поднесуваат во Основниот суд Скопје II - Скопје, на одделението за прием, секој работен ден или по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ бул. Гоце Делчев бр. 4, 1000 Скопје, со назнака „Јавен оглас за судии поротници“.

 

 

 

Основен суд Скопје II - Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_