С О О П Ш Т Е Н И Е
Вести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 06.03.2025 година
Симнато од огласна табла на 17.03.2025 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
61 МАЛВТС-405/24
06.03.2025 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен пред овој суд по тужбата на тужителот Агенција за Вработување на РСМ Скопје, против тужените и тоа: првотужениот Друштво за производство, промет и услуги ХРИМОНТ 2021 увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп и второтужениот Христијан Петрески од Прилеп, за долг - поврат на средсдтва, вредност на спорот 307.500,00 денари, првотужениот Друштво за производство, промет и услуги ХРИМОНТ 2021 увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето до првотужениот да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла Решение од 05.03.2025 година. По истекот на рокот од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена до првотужениот Друштво за производство, промет и услуги ХРИМОНТ 2021 увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп.
Одговорен работник,