СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Новости  |  31.3.2017
Основниот суд Скопје II Скопје, во текот на месец Март, заклучно со 31.03.2017 година, организираше отворени денови за ученици од средни училишта на Град Скопје.

Почитувани,

Основниот суд Скопје II Скопје, во текот на месец Март, заклучно со 31.03.2017 година, организираше отворени денови за ученици од средни училишта на Град Скопје.

Основниот суд Скопје II Скопје беше посетен од страна на 62 ученици од повеќе средни училишта. Посетите се остварени во рамките на програмата „Учиме право“, која дејствува како посебна програма при Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ (МОФ), а во соработка со Здружението на судиите на Република Македонија. Во насока кон едукација на младите за граѓанските, политичките и човековите права и слободи, демократијата и концептот на владеење на правото, фундаментите на правниот систем, Европската Унија и процесот на евроинтеграција на Република Македонија, учениците имаа можност одблизу да се запознаат со надлежноста, граѓанската постапка и воопшто работата на судот.

Основниот суд Скопје II Скопје, им го честита 31 – Март Денот на правосудството на сите вработени во правосудните органи, чија работа е од особено значење во доследното почитување на принципот на владеење на правото и правната држава.

Со почит,

Основен суд Скопје II Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_